Одговорот може да биде и во вашето општо здравје, здравјето на лицата што се околу вас.
-Ако сте комплетно извакцинирани, повеќето интеракции за вас не претставуваат ризик, но можеби треба да знаете дали лицата со кои се дружите се вакцинирани, за дружењето да протече без ризик“, појаснува д-р Пол Тотингал.
Тоа може да значи да мора да ставите маска кога влегувате во затворен простор, а на отворено сте безбедни.
Меган Рени, професорка по итна медицина, смета дека таа во таков случај би се дружела исклучиво само на отворен простор или со маска, бидејќи иако вакцините делуваат, не би сакала да ризикува и да се зарази.
Тука е и предлогот да ако се дружите со пријатели кои не се имунизирани, поразговарате за тоа зшто не се имунизирани и можеби да го поделите вашето искуство по примањето на вакцина.
Треба ли да носите маска кога сте во друштво на пријатели кои не се вакцинирани?
Стручњаците велат е во ред да продолжите со старите активности откако сте се вакцинирале, без маска или физичка дистанца, а сето тоа бидејќи се покажало дека вакцините доволно штитат од болеста.
“Во најдобар случај тие се 95% ефикасни како би не спасиле од болница, а исто така се намалува и ризизкот од инфекција, но и ризикот дека вирусот ќе се пренесе на друг“, појаснува д-р Шафнер, инфектолог.
Вакцините се дизајнирани така да спречуваат доаѓање во болница и смртни исходи. Иако вакцините одлично ја исполнуваат својата намена, не се совршени, па понекогаш сепак е потребно да се преземат одредени мерки за заштита.
Ако сте вакцинирани, но имуниот систем ви е слаб поради одредени лекови или медицинска состојба што веќе ја имате, стручњаците советуваат да бидете внимателни и да носите маска во затворен простор додека лекарот не ве советува поинаку.
Иако вакцината и ќе ја намали шанста да вирусот се пренесе на друго лице, лицата кои имаат послаб имунитет можеби не се доволно заштитени, дури и ако се комплетно вакцинирани. Значи, ако сметате дека имуниот систем ви е загрозен и не сакате да се изложувате на ризик, секако носете маска.
“Вакцината е одлична работа, но поради неа не се претворате во Супермен. Со оглед на новите варијанти на вирусот кои се околу нас, потребно е во некои ситуации и дополнително внимание ако мислите дека тоа е потребно за вас“, додава проф. Рени.
Извор: Панацеа.мк