Турунџиева ги покажа тиквите на Атиџе: Вакво нешто не сум видела (ФОТО)

0

Минатата недела во емисијата Магазин на Сител, таа беше гостинка со Атиџе Муратова, а повод е нивното пријателство и песната „Од Бекирлија до Битола“.




– Убаво е што во во ова модерно време, преку мојот Фејсбук профил, Атиџе можеа да ја следат нејзините фанови од Америка, од целиот свет. Ние во оваа пандемска година не престанавме да работиме.




Кога се запознавме, ништо не си ветивме една на друга. Одевме чекор по чекор до целта. Нас некако ни се препрелетоа енергиите, направивме една супер конекција. Ние сме многу раслиќни ако земеш да не анализираш.




Но, од женски аспект сме многу слични. Таа ја има сромноста, трпеливоста, ведрината која што е во дефицит во ова наше лудило. Се повеќе луѓе се грижат за интереси, се повеќе ги врзуваат зделки и можности да заработат едни од други.




Нас ништо не не врза такво. Апсолутно ништо, јас бев растеретена од таа комерцијална страна јас да бидам покрај Атиџе и таа да биде покрај луѓето коишто ја препознаваат нејзината љубов, и не случајно тимот на „Медена земја“ ја одбрал баш Атиџе“, рече Турунџиева.




-Јас не сум сретнала некој што толку многу ја сака Македонија колку Атиџе. Таа со толку многу голема љубов зборува за својата земја. И навечер кога си седиме често пати, и си фантазираме„, рече Сузана.

Таа изјави дека фантазира да оди на егзотини места, и кога на Атиџе ќе ѝ покаже некој егзотичен остров, таа ѝ вели: ти не знаеш колку е убаво дома, во Македонија, по нашите планини, ако ги одиш пеш.




-Јас не сум во некоја финансиска благосостојба, да можам да ѝ го сменам нејзе животот на многу подобро, зборувам од аспект на тоа да ѝ обезбедан животни услови, бидејќи и јас сум таа што ги нема во моментов.




Јас сум еден самохран родител, кој живее под кирија, кој живее од една плата, и немам ништо на свое име. Но, јас имам огромна желба да го правам светот подобро место за живеење, и онолку колку што можам да ги обединувам добрите луѓе„, рече Сузана.




Сузана рече дека ѝ е предизвик да обезбеди клима уред во куќата нива на Атиџе и апелираше до сите кои сакаат да помогнат да се реализира оваа идеја. „Ако се најде јунак нека помоген, бидејќи е навистина многу жешко да се седи дома во овчеполијата која е многу жешка“.




Потоа Сузана ја искоментира песната „Од Бекрилија до Битола“ и рече дека е песна која е испратена од Универзумот, затоа што таа повеќе пишува песни за деца а помалку за возрасни.

Атиџе раскажа дека пред да ги снима филмот Медена земја, ѝ било и срам и страв и се плаѓела како ќе се излезе, но не се покајала за таа одлука никогаш. „Беше малку тешко, ама успеавме“, рече Атиџе.




Сузе Турунџиева завчера на својот рпофил на социјалните мрежи, откри уште еден производ, кој после медот заслужува внимание. Секако, производтсво повторно на Атиџе:

„Денес на менито имаме дорфулиски тиквички… производство на Атиџе.“

Во коментар под постот, Сузе прокоментира дека до сега, таа вакви тикви (мисли на големи) не видела.

Претходна статијаВидовитиот старец од Света Гора предупредува: Никако не го правете ова, бидејќи ќе го прoколнете своето дете
Следна статијаУтре убав и среќен ден, но не за сите – Дневен хороскоп