Татјана Стојановска е една од најубавите жени во јавноста кај нас. ТВ презентерката е позната по тоа што секогаш зборува на правилен македонски јазик.
Таа гостуваше во емисијата „Приказна“ која беше посветена на негувањето на македонскиот литературен јазик. Татјана отворено зборуваше на себеси, за своите почетоци, а им се обрати и на младите, на луѓето во дијаспората но и на политичарите.
-Јас почнав многу млада на 17-18 години, секако со неколкумесечна обука, во Македонската радио телевизија, пред да почнам да работам на камера, најпрво како најавувач на програма.
Потоа набрзо по неколку месеци почна ангажманот на Утринската програма „Добро утро Македонијо“. Имав можност да учам од доајените на македонското презентерство, така што се одеше чекор по чекор, не беше ништо избрзано, ги видоа моите перформанси.
Сепак јас и како ученик доста внимавав на литературниот јазик, во училиште, и во основно и во средно секогаш сум учествувала на тие секции по македонски јазик, на приредби, рецитации, така што го имав тоа во себе.
Таа дарба, тој талент за почитување за добра дикција. Тоа беше препознаено и од луѓето во Македонската телевизија, меѓутоа настапот на екран е сосема различен.
Ги учевме сите тие техники на дишење, совладување на техниките на камера да се зборува, меѓутоа се внимаваше и се даваше големо внимание на акцентирањето, на дикцијата, на интонација, на почитувањето на македонскиот литературен јазик.
Тогаш јас на еден начин како еден млад човек, иако сум сум внимавала и претходно, влегов со таа екипа кога навистина многу се почитуваше јазикот и говорот на екранот.
Сметам дека за нашава професија е исклучително важно, водители, презентери, луѓе коишто се обраќаат на јавноста, тие го креираат всушност и негувањето на македонскиот литературен јазик, и го имаат како задача, како обврска, како нешто коешто мораат да го прават.
Така што, сум внимавала и кога ќе сум згрешела, самата сум се прекорувала секогаш, корективот во мене секогаш постоел и велат дека на некој начин ние сме оние коишто ги учиме младите генерации, коишто ги учиме сите луѓе.
Ние се обраќаме на една широка публика, луѓе коишто се со различно ниво на образование, луѓе коишто се од различни делови на Македонија, па и регионот, не следат и регионално, не следат и во странство нашинците.
Така што влијаеме со нашето говорење, да го научат децата правилниот изговор, да го научат младите генерации правилниот изговор, па еве и кога ќе речам и во дијаспората влијаеме на младите, за да го следат и учат македонскиот литературен јазик.
Тоа им е контакт со татковината. Најмногу грешат луѓето во акцентирањето. Јас морам да дадам еве и една ваква изјава: Политичарите прилично грешат во акцентирањето, затоа што и тие се јавни личности.
Затоа што и тие креираат јавно мислење, затоа што и тие влијаат и тоа многу влијаат на населението, на луѓето, на младината, значи и тие треба да внимаваат како говорат.
Јас го имам забележано буквално, не знам зошто е тоа така, српското акцентирање кај сите политичари.
Нема политичар, еве да издвојам некој за којшто ќе речам дека правилно акцентира. Затоа еве, апел нека биде до нив. Затоа што и тие се јавни личности“, рече Татјана.
Познато е дека Татјана е во долга врска во долга врска со Михаил Китановски. Во една прилика таа раскажа како се запознале.
-Со Михаил сме заедно 8 години, од кои 7 години живееме заедно. Се запознавме на одмор во Турција 2012, каде бевме со децата и таа пријателска дружба премина во врска, а по една година продолжи и како заедничко живеење.
Секако поради одредени околности, прилагодувања, не дојде до официјализирање на врската, но заедничкото живеење без формализирање е неформален брак секаде во светот, нели?
На што нас не поврза е искрениот однос, заедничките интереси во животот, семејните вредности, грижата за децата.
Секако кај него ме плени и комуникативноста, смислата за хумор, а пред сѐ интелектот, приземјеноста во сѐ. Со еден збор човечноста и емпатијата за секого, секому да се помогне.
Грижата еден за друг, поддршката, љубовта и негувањето на сето тоа е она што не спојува“, рече Татјана во Женски магазин.
Татјана објави слика од убав настан на Инстаграм, а тоа е отварањето на Охридско лето. Татјана на оваа слика личи на некоја холивудска дива. Таа е секогаш средена и елегантна, а сега посебно.
-Свечено отварање на 61 издание на Охридско лето“, Благодарност до Furbutigue Pure и SaskoArsNova за мојот изглед.