После сè што му се случи, Фијат Цаноски воздивна: Конечно дома (ФОТО)

0

Семејството на Сефер Цаноски во изминатите години му се случија многу непријатности. Врв на штетата која им беше нанесена, беше уривањето на нивниот објект „Космос“.




Сефер и неговиот татко Фијат Цаноски, во многу наврати ја искажаа, според нив неправдата која им била нанесена од претходната власт на чело со Никола Груевски, а по промената на истата во 2017 година, тие не го криеја задоволството и олеснувањето, но и поддршката кон новата гарнитура на чело со премиерот Зоран Заев.




Пред две години на Илинден, Фијат Цаноски напиша статус на својот профил на социјалните мрежи, во кој се потсетува на денот пред десет години, кога му беше срушен објектот ,,Космос”:




,,На ден пред Илинден, со дина мит Груевски објави ди ктатура. Можеби понесен од револуционерни побуди или пак од себични нагони на самоуни штување – сеедно. На денешен ден пред 8 години се правеше маж, динамитен десничарски демократ, напиша Фијат во 2019 година.




Денес е маж кој ја напушти земјата која ја опустоши. Денес закажува фер борба само на 100 метри со камења – преку Дунав. Користењето на emoji во толкав обем говори само за еден нарцисоиден плачко кој не е подготвен да се соочи со резултатите од своите не/дела.




Да не се заборави. Не само уништувањето на Космос туку и уништувањето на мојата земја, чиишто вредности ги обезвредни до степен на болест.

Добро е што Космос повторно ќе блесне во сјајот кој му е предодреден. И повторно ќе биде нова општествена додадена вредност. Северна Македонија ќе оди напред.




Но, да не се заборави историјата на нашава напатена земја и трагедијата од човек наречен Никола Груевски, за никогаш да не се повтори. Да одиме напред, да е честит Илинден и да живее Северна Македонија!




„Една стара поговорка вели Човек што руши – проколнат. Човек што гради – благословен“, напиша бизнисменот Фијат Цаноски на својот профил на социјалните мрежи.

Сефер Цаноски пак, во февруари оваа година, направи споредба меѓу владеењето на Никола Груевски и Зоран Заев и меѓудругото напиша:




„…Дали е совршен? Не е. Дали е предав-ник ? Не е! Таквите се отселуваат на Дунав. Покажа на дело и ја отвори затворената перспектива на државава кон светот. Ги откачуваше и откочува кочниците. Донесе демократија и слобода. Затоа сега можат слободно секој да го критикува и него и власта.




Да беше Грујо ќе имаше цензура. Ќе имаше ст р-ав. Ќе имаше зат -во-рања. Пре-тења. Ќе имаше лошо… Може да го сакате или да не го сакате. Може да го почитувате или да не го почитувате. Јас и мојата фамилија лично се бориме за правда веќе 10 години и имаме можеби право и да се лутиме на оваа власт што сè уште не донесоа правда.




Ама гледам дека судските процеси се движат, нешто се прави да се оди напред со сите препреки. И затоа верувам дека во секоја друга област од политиката која овој човек ја води прави максимум и повеќе од што ние, деструктивен и депресивен народ реално заслужуваме. Верувам повеќе во него одколку во било кој друг политичар во моментов. Поддршка!“ (мисли на Зоран Заев).

Вчера Фијат на својот профил на социјалните мрежи, објави фотографии од повторно изградениот комплекс „Космос“, при што може да се види дека објектот е во завршна фаза:

КОМПЛЕКС КОСМОС. Завршна фаза на источна фасада! Поставување на кран за луксузен ресторан! НАСКОРО КОСМОС РЕЗИДЕНС

-КОНЕЧНО ДОМА-

Фото: Фејсбук Фијат Цаноски
Фото: Фејсбук Фијат Цаноски
Фото: Фејсбук Фијат Цаноски
Фото: Фејсбук Фијат Цаноски
Претходна статијаГеоргиевски распали по Каракачанов: Охрид е Македонски град
Следна статијаВикендов сите социјалдемократи ќе добијат СМС порака – ќе треба да одговорат кој кандидат е нивен фаворит за Градоначалник