Карлеуша во фустан од 1300 евра во Охрид, арно ама еве која светска ѕвезда ја копира (ФОТО)

0

Јелена Карлеуша минатиот викенд отпатува во Македонија со приватен авион, каде што одржа настап. Медиумите пишуваа дека таа била сместена во претседателски апартман и била скромна во своите барања.

-Таа немаше никакви посебни барања за претстојот овде, многу е скромна и пријатна. Слета со приватен авион на охридскиот аеродром, и веднаш се смети во претседателскиот апартман во хотелот „Голден вју“.

Ѝ организиравме ручек, овде во „Егоист“, ги проба сите охридски специјалитети на нашиот шеф, меѓу нив и пастрмка секако. Многу ѝ се допаднаа, и се сликаше со готвачот.

За жал, имавме малку време да се дружиме“ ,  изјавил менаџерот.

Каде и да се појави Јелена Карлеуша, сите погледи се насочени кон неа. Пејачката секогаш е во центарот на вниманието во своите модерни парчиња облека. Карлеуша (42) денес важи за една од најпознатите пејачки во регионот, со милиони следбеници на социјалните мрежи.

Јелена честопати зборува во јавноста за нејзината пок ојна мајка Дивна и колку и значела нејзината поддршка во животот, но ретко го споменува нејзиниот татко Драган Карлеуша.

Карлеуша успеа да ги интригира и светските медиуми, и сигурно дека на контраверзната пејачка, сопруга на фудбалерот Душко Тошиќ тоа ѝ годи. Таа отсекогаш сакала внимание.

Кога стаса во Охрид, таа се пофали со жолт фустан од Версаче, и немаше да има ништо особено интересно ако латинската дива Софија Вергара не го носеше идентичниот фустан истиот ден.

Имено, и двете sвезди носеа фустан од брендот „Версаче“, кој, според официјалната веб-страница на тој бренд, чини повеќе од 1.300 евра.

Фановите на Јелена беа преплавени со слики на актерката и неа, кои пејачката ги сподели на својата Инста-сторија. „Јелена Карлеуша и Софија Вергара во ист фустан во ист ден“, беше напишано во коментарите на Инстаграм.

После тоа, се водеше вистинска дебата за тоа дали фустанот повеќе одговара на пејачката или на светската ѕвезда.

Претходна статијаЗагуба за семејството на Жељко Самарџиќ, неговата ќерка Мина неутешна (ФОТО)
Следна статијаТатко ми е жив: Сашенка на Гоце Тодоровски ја раскажа вистина за татко си (ФОТО)