На Елена Ристеска одлично ѝ оди со промоцијата на нејзиниот бренд за козметика кој се вика ЕРА. Неодамна, таа зборуваше како го „трошела“ времето во пандемијата.
– На почетокот ми годеше и беше можност да се одморам од работата и да си ги средам домашните обрски, некои работи што ги одложував додека бев со многу работни обврски ги решив, но потоа почнав да се чувствувам кла устрофо -бично како и сите.
Почна психолошки да ни делува на сите сето тоа што се случуваше. И можете да замислите како и беше на амбициозна личност и голем „воркохолик“ како мене да седи дома и да не знае што да прави со себе.
Екстремно тешко, па дури ми се одрази по здравјето. Но јас сум како камелеон, сепак лесно се адаптирам на новонастанати животни ситуации.
Читав, готвев, цртав, пишував книга, пишував песни, се едуцирав за козметиката, запишував идеи и планови за иднината, гледав серии, држев видео состаноци…
Флексибилна сум, па така што и да донесе животот, ако е по планот и по молитвите на Бога, го прифаќам“, рече Елена.
Таа многу тагува по својот татко, кој го напушти овој свет пред неколку години.
-Најубавите спомени од животот ми се од детството кога фамилијата ми беше целосна и сите ни беа на број. Незаборавни беа сите фамилијарни прослави за Велигден за и Први и втори мај.
Цела фамилија се собираше на трпеза кај баба ми и покрај богатата софра, се пееше и се свиреше до раните утрински часови. Дедо ми свиреше на гајда, традиционалните македонски песни се пееја најмногу и од таму ги научив старите народни песни.
Не се сеќавам дека во тој период некоја фамилија беше посреќна од нашата. Спокојот, смеата, радоста и музиката беа својствени за нас.
Дел од фамилијата веќе не е меѓу нас, затоа уж ас -но ми фали тој период од животот.
Особено татко ми, откина дел од нашите души. Голема тага ми надоаѓа на секој празник, Бадник, Божиќ, Велигден, и среќата не ни е целосна, па утехата наша е Делфина внука ми, ни ја ублажува бол -ката, целиот фокус ни е таа“, раскажа Елена во Женски магазин.
Таа објави емотивен статус за татко си, но и слика од целата фамилија во црно-бело, а за тоа има и повод. Елена го напиша следново:
-Секој 14ти ми е се’ потешко , иако мислев дека време лечи се’, не е вистина. Само се зголемува бо лка -та поради твоето отсуство. Секој момент те мислам.
Секој ден се прашувам зошто баш ти? Зошто најдобрите души порано си заминуваат? Бог го има одговорот, јас само знам дека никогаш ништо во мојот живот не е веќе исто без тебе..
Ни радост, ни тага. Ни успех, ни пораз. Бескрајно ми фалиш тато, ќе славевме твој 70ти роденден денес.“