-Во моето срце отсекогаш сум се занимавал со пеење и музика. Од секогаш сум ја чувствувал таа љубов и потреба да запеам, па можеби и затоа никогаш не сум имал план “б” во животот.
Но, во животот не секогаш сè оди по план – секогаш има позитивни и негативни изненадувања, а негативните се секогаш одлична прилика да научиме нешто и да се вратиме на вистинскиот пат.“, рече во една прилика Даниел Кајмакоски, првиот победник на шоуто Икс Фактор.
Тој во интервјуто за bidizelen.org понатаму откри: Пред да се појавам на Икс Фактор работев како инсталатер на градилиште што за мене беше преубаво искуство.
Почнав од нула, бев самоук, Научив многу за таа професија, но и за себеси. Почнав како помошник, но при крајот на моето работно искуство веќе бев десна рака на сопственикот на фирмата и имав преку 150 луѓе за кои бев лично одговорен.
Активно присуствував во планирање на проекти и нивната изградба, што разбуди еден инстинкт во мене, а тоа беше снаодливоста и желбата за секојдневно учење. Сфатив дека сум способен за многу повеќе од што мислев!
На крај, сепак ѝ се вратив на музиката, но тоа што го научив на градилиштата ми ги зацврсти карактерот, дисциплината и посветеноста, и понатаму ми помогна да се снаоѓам многу полесно и во светот на музиката.
Со оваа порака сакам на сите да им кажам дека за да го дознаеш својот личен вистински пат мораш да ги совладаш секојдневните предизвици и да дознаеш кој си“, рече пејачот.
Тоа искуство имаше огромно влијание врз откривање на самиот себеси, врз мојата дисциплина, снаодливост во секоја смисла и секоја животна ситуација. Животот е многу краток и треба да знаеме како да го искористиме секој миг и да веруваме во она што го правиме.
Јас верував дека ќе станам важен дел од таа фирма и дека еден ден ќе можам да преземам голема одговорност. Тоа се случи и поради тоа научив многу корисни работи кои никој не може да ми ги одземе.
Тоа што сега го поседувам како знаење и вештини од тоа искуство е мое, тоа сум јас. Научив животни вештини кои се секогаш со мене каде и да одам, горд сум на сè што научив во таа професија и во таа фаза од мојот живот“, додаде тој.
Тој претходно живееше во Виена со неговите родители, и со двајцата браќа, а познато е дека и татко му е музичар.
Кога се врати во Македонија, се ожени со манекенката Кристина Димитријевска, со која се разведе, и го имаат синот Давид. Медиимуте често пишуваа за нивната бурна врска.
Сега Даниел повеќе пее во Србија, но и во Црна Гора каде што е во моментов. Тој објави слики од плажа, како се капе и ужива додека си пие пиво без грижа.