Д-р Нико Беќаровски им порача на Мекедонците во дијаспората што треба да направат пред да дојдат во татковината

0

Доктор Нико Беќаровски е еден од тројцата професори, покрај Драган Даниловски и Никола Пановски, кој во оваа пандемиска криза беа своевиден онлајн сервис за граѓаните, во разрешување на нивните дилеми околу вирусот.

Д-р Нико Беќаровски стана познат и по неговата серија колумни „Јас да си кажам“, во кои исто така разреши многу дилеми околу симптимите за вирусот и некои други аспекти.

Тој пред неколку дена се огласи по повод индискиот сој и упати кратко, но мошне силна порака до здравствените власти:

„На самиот почеток од летото еден апел до здравствените власти: Повторно прочитајте ја басната “Штурецот и мравката”, пред да биде касно.“

Но, д-р Беќаровски често знае и да се пошегува на својот профил на социјалните мрежи. Па така, тој завчера кажа која е неговата политичка опција:

„ПАРТИЈАТА НА МРЧАТОРИТЕ Е МОЈОТ ПОЛИТИЧКИ ИЗБОР (10 причини зошто)

1. Да, таа е најголемата и најсилната партија во Македонија, иако нема ниту Претседател, ниту Централен комитет, ниту Бела палата, ниту финансии, ниту свои портали и телевизии.

2. Членовите на таа партија се обични македонски граѓани, кои си ја сакаат својата земја.

3. Членовите на таа партија не се борат за фотелји, туку за принципи.

4. Членовите на таа партија живеат од својот труд и го ценат секој трудољубив.

5. Членовите на таа партија никогаш не биле на партиски митинг, ама секогаш точно знаат за кого треба да гласаат или кога не треба воопшто да гласаат.

6. Членовите на таа партија ја почитуваат секоја власт, додека и власта нив ги почитува, но и ја казнуваат кога ќе “забега”.

7. Членовите на таа партија критикуваат а никогаш не критизираат.

8. Членовите на таа партија се најискрените корективи на секоја власт, за разлика од слаткоречливите партиски лигуши.

9. Секоја власт треба да е среќна додека МРЧАТОРИТЕ мрчат, бидејќи кога тие ќе замолчат, власта е во неповратен пад.

10. Партијата на мрчаторите е единствена која не бара ништо, а дава бесплатни добронамерни совети на секој функционер.“

Д-р Нико Беќаровски денес упати порака до Македонците во дијаспората, кои овој период си доаѓаат во татковината. Еве според него кој би бил нивен најголем патриотски чин, пред тргнување за Македонија:

„Послушајте патриоти….. Најголем патриотски гест на сите наши иселеници кои летово ќе си дојдат дома е претходно да се вакцинираат, или да направат барем еден тест за ковид-19, 24 часа пред да тргнат на пат.

Се друго е демагогија и квазипатриотизам. П.С. за свадбите на затворено веќе се Ви кажа мојот почитуван колега Nikola Panovski.“

Претходна статијаДенес си замина уште еден познат Скопски лик – нека ти е светол патот Куно
Следна статијаЦрнокрак на одмор на најубавото место на светот, уживанција (ФОТО)