Тијана Дапчевиќ, скопјанката која долги години живее во Белград е сестран уметник. Таа е пејачка, виолончелист и актерка.
Има глумено во неколку српски претстави, а нашата публика во нејзиниот актерски талент се увери откако ја виде во улога на Германката Ула во „Преспав“.
Тијана веќе 20 години е во складен брак со сопругот Милан Дапчевиќ, и се родители на синот Вук кој има 12 години и е музички талентиран на мајка му.
Таа во последно време често објавува колку ужива во готвењето.
Тијана се пофали со своите вештини во кујната во шоуто „Гранд магазин“
Тијана Дапчевиќ неодамна беше гостинка во емисијата Еден на еден која ја води Жаре и таму раскажа многу нешта, а дел од нив се за тоа како поминало снимањето на петтата сезона „Преспав“, каде што таа ја глуми германката Ула.
Тијана рече дека било тешко да се снима во услови на пандемија, но и раскажа случка врзана за Талат- Дритон.
-Многу беше мачно, најмачно беше тоа што не се дружевме. Ние веќе се познаваме као огромна фамилија, а овој пат имавме договор да се движиме само дома и на снимање.
Секогаш кога снимаме, снимаме по 35-40 дена. Но, ние никогаш не сме си повишиле тон еден на друг, функционирме одлично.
Освен помеѓу брачниот пар Ула и Коста. Јас и Игор се однесуваме навистина како брачен пар, тој кога ќе ждригне јас му викам: Свињо една“, рече Тијана и раскажа како Јелена Јованова ја научила како да стане тата-мата за учење на улогата.
„Јелена ни вика дека јас и Игор сме како вистински брачен пар. Инаку, таа и Васил најмногу ми помогнаа“, рече Тијана и раскажа интересна случка.
-Еднаш завршивме порано со снимање и му викам на Дритон (Талат), ајде да се враќаме пешки од телевизија дома, место да не возат. Наидовме на една кафана, внатре празно, жив човек нема.
Му викам, ај да велземе на кратко, една ракија, едно мезе, малце да се опуштиме. А не смеевме, според договорот само дома и снимање. Ама во кафаната баш немаше жив човек, за што си направив и снимка.
Ни се јавува Васил: Кај сте? Му кажавме, а потоа дојде и тој. Поседовме еден саат. Утредента разбрале од продукцијата дека сме го прекршиле договорот, и среќа не бевме казнети, само опоменати“, рече Тијана.
Тијана е исто така позната како личност која често менува имиџ, а малкумина знаеја дека пејачката своевремено сосема си ја има избричено главата.
Тијана објави фотографија од вреmето кога изгледала вака, но објасни и дека имала добра причина, и тоа го направила за да испрати силна порака:
На денешен ден, во 1999 година, започна бомб ард -ирањето, а јас, од револт, од тага и неможност да му помогнам на моето семејство во Србија, ја исеков косата до главата.
… Само гледате на телевизија како некој фрла бо -мби кон сите ваши…, и ништо не можете да направите“, рече Тијана. И сега, та аобјаву слика со имиџ на кој не може се препознае. Тијана со дплга коса не сме навикнале да ја гледаме.
Облечена во комплет кој ја истакнува нејзината линија, Тијана се пофали со своите уметоци на косата и напиша кратко Опааа. На сликата и коментираа нејзините колешки, ои и го пофалија изгледот.
Аааа згодна, рече Каролина Гочева. Нина Бадриќ остави емотикон на оган, Миа Костова напиша: јој, а на сликата коментираше и Илина Арсова која рече: Громка.
Пофалба за својот изглед, тијана доби и од Австралија, од фолк пејачката Татјана Лазаревска која и напиша: Молам? Very stunning! (зачудувачки, изненадувачки)