Актерот Дритон Вејсели како Талат од прва ги освои гледачите некаде на средината на првата сезона, а неговиот лик уште повеќе се разви во втората и во третата сеозна на популарната Тв серија.
Актерот Вејсели во интервју за порталот Хаштаг.мк раскажа за неговите слилчности со Талат..
„Тој е навидум наивен и помалку несмасен и бавен, но не е таков. Талат е еден бескрајно весел лик, дете во душата и прилично е снаодлив. Моите сличности со него се токму тука, и јас понекогаш за себе си велам дека сум уште дете во душата“, ни раскажа актерот.
Дритон додава дека леснотија за играње на овој карактер му дава тоа што и тој, како и ликот на Талат е од ист крај.
-Желбата да ги забавувам луѓето отсекогаш постоела во мене, но не можам да речам дека отсекогаш знаев дека ќе се занимавам со актерство или дека тоа сакам да бидам.
Завршив средно уметничко, а по сугестија на околината почнав да размислувам за актерството.
Не беа само другарите или пријателите што ми кажуваат дека сум талентиран, туку и професорките инсистираа да се обидам со оваа уметност“, изјави Дритон во интервју за Фешнел.
Роден е во Тетово, како што ќе каже, по сплет на околности, а детството го поминува во Скопје, каде и денес живее.
– Роден сум во Тетово, по некоја случајност. Моите се селат во тој град во 1991 година, кога и јас сум се родил, па во 1993 година се враќаат во Скопје. Инаку, детството го поминав тука.
Многумина мислат дека сум од Тетово, дека секој ден патувам и постојано ме прашуваат за тоа. Веројатно и поврзаноста со Талат придонесе за тоа.
Но, моето детство и првите спомени за многу нешта ме врзуваат токму за Скопје.
Посебно за Чаршијата. Тоа ми е една од омилените локации во градот.
Таму секогаш има фина атмосфера, убави „свирки”, туристи, различни луѓе, измешани енергии – открива Дритон за Фешнел.
Актерот познат по изреката: Пансион Преспав, како моем да ви помогнем, за кратко време стана омилен кај народот.
За неговиот приватен живорт малку се знае, освен дека неговите родители се сопственици на познатата слаткарница „Малага“ во Скопје.
Дритон на своето стори на Инста ја покажа својата љубов.
Станува збор за многу убава девојка по име Анеса Сабедини, која е наставник по уметност во едно приватно училиште.
Ако влезете на нејзиниот Инстаграм профил, насловната слика ѝ е токму со нејзиниот сакан Дритон.
Дритон објави стори од својата сакана, а на сликата се гледа дека двајцата се на романтична вечера и уживаат во голема љубов и во времето поминато заедно.