Министрот за здравство Вернко Филипче денеска на својот Ферјсбук профил објави добри вести за нагло опаѓање на бројот на заразен и со вирусот.
-Во последните 24 часа се направени 1.375 тестирања, а регистриран е 1 нов случај на Ковид-19 од Куманово. Куманово – 1
Пријавени се вкупно 3 поч инати лица: по едно лице од Куманово (55г), Тетово (61г), и Гевгелија (80г).
Регистрирани се 204 оздравени пациенти од: Скопје – 77 Куманово – 25, Охрид – 19, Битола – 11, Струмица – 9, Тетово и Кичево – по 7, Прилеп – 6, Гостивар, Штип и Струга – по 5, Велес и Радовиш – по 4, Кочани и Кратово – по 3, Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Гевгелија и Македонска Каменица – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 815.893 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на упокоени е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464, објави министерот.
На оваа објава, како и на многуте други досега, тој доби интересни коментари. „Министре, прај што ќе прајш ама полицискиот час никако да не си го чепнал, спањето е побитно на некој од беснотилакот“, е еден од коментарите.
-Затворете го Куманово, да нема влез и излез едно месец дена, тој еден во најстрога изолација веднаш, пуштање на слобода со 10 негативни теста, носот да му го “распарате”!“, пишува друг.
Но, еден од коментарите ја споменува познатата српска пејачка Теодора Џехверовиќ. Убавата плавуша, на јавноста и го привлече вниманието како улесник на „Звезде гранда“, а потоа и по учеството во реалното шоу „Задруга“.
Желбата на Теодора е да ја симне од тронот Јелена Карлеуша и да дојде на нејзиниот престол. Таа вели дека во моментов е најпровокативната млада ѕвезда.
Иако многумина коментираат дека таа се облекува непристојно за своите години, пејачката верува дека нема од што да се срами. Теодора има тетоважа на десниот бут со натпис „Каде што започнува љубовта, љубовта никогаш не завршува“.
Родена е на 10 февруари 1997 година во Кацарево, а живее и работи во Белград. Токму со Теодора е поврзан едне коментар на објавата на Филипче.
-Теодора Џехверовиќ, те чекаме“, напишал шеговито еден корисник на Фејсбук.