Познато е кои документи ќе треба да се приложат за да се добие ваучер за на одмор ова лето

0

Пред неколку денови, Министерството за економија објави јавен повик за реализација на мерката- организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари, информираат од таму.

„Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Македонија кои претходно се пријавени во Министерство за економија,“ се вели во соопштението..

Според јавниот повик кој денеска е објавен на веб -страната на Министерството за економија оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари.

„Со оглед на зголемениот интерес на граѓаните, и оваа година ќе продолжиме со мерката преку која на работниците со ниски примања им се овозможува користење на годишен одмор.

Владата преку програмата на Министерството за економија, во 2017 година почна да ја спороведува оваа мерка со цел да даде поддршка на домашниот туризам, но во исто време на семејствата со ниски месечни примања да користат одмор во туристичките центри во земјата.

Јавниот повик ќе трае до 30 јуни и до овој рок сите граѓани кои ги исполнуваат условите, односно немаат приходи повисоки од 30.000 денари ќе може да се пријават и да добијат ваучер.

Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб- страната на Министерство за економија,“ се додава во соопштението.

Оваа мерка има за цел даа им овозможи на семејствата со ниски приходи, со поддршка на државата да го искористат правото на годишен одмор и истовремено, да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети и надвор од туристичката сезона, со што го стимулираме развојот на домашниот туризам.

Потврдата за користење на средства за организиран одмор се издава по принципот „прв дојден прв услужен“.

Познато е и кои документи ќе треба да ги приложат, барателите на ваучери до Министерството за економија: Пополнет образец за барање, потврда од работодавецот за висината на исплатена плата, извод од банка за последните три месеци и за членовите на потесното семејство доколку се вработени или добиваат пензија, извод на матична книга на родените;

Понатаму за подносителот на барањето доколку аплицира со брачен пар треба да достави извод на матична книга на венчани, доколку аплицира како разведено лице треба да достави пресуда за развод на брак издадена од надлежен суд, доколку аплицира сам во случај на упокојување на брачниот пар треба да достави извод на матична книга ум ре -ните.

Покрај тоа потребна е потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за членовите на потесното семејство над 18 години доколку не се вработени да се достави документ од АВРМ;

Фотокопија од лична карта или патна исправа за подносителот на барањето и членовите на потесното семејство кои заедно со него ќе го користат одморот;

Изјава дека барателот лично или со членовите на потесното семејство кои се наведени во барањето ќе го користат одморот, за деца под 18 години се доставува извод од матична книга на родени, како изјава дека барателот морално, материјално и кривично одговара за внесените податоци (заверена на нотар).

Претходна статијаАктерот Дац, но и уште еден човек, имаа што да му порачаат на Венко Филипче: Жените ќе го спасат светот (ФОТО)
Следна статијаУште една животна приказна и поука од сестрата на Лозано, Марија: Најлошо е кога ќе заборавиш колку вредиш