Ова е поранешната на Вељко Ражњатовиќ, откри во какви односи се сега (ФОТО)

0

Популарната поп-фолк пејачка Светлана Ражнатовиќ-Цеца како што е познато е мајка на две деца, а од неодамна за првпат во животот стана и бабава.

Откако во 1995 година, Цеца се мажи со Жељко Ражнатовиќ Аркан го добива својот син, Вељко на 10 декември, 1996 година а подоцна и ќерката Анастасија, на 25 мај 1998 година.

Вељко споделува често на социјалните мрежи колку уживал, а многумина сигурно би му завидувале на овој негов живот.

Пред извесно време, Вељко со сопругата Богдана го добија синот Жељко и целото внимание на семејството е сконцентрирано на него.

Скапи креветчиња, колички, облека… Се за малиот наследник на Аркан…или на Вељко.

Вељко Ражнатовиќ, кој неодамна доби син со неговата сопруга Богдана Ражнатовиќ, покрај тоа што е познат дека профионално се занимава со бокс, тој исто така е познат по тоа дека чува многу голем број на кучиња.

Но, пред да се вљуби во Богана, Вељко беше во врска со уште една згодна девојка.

Сопругата на Предраг Рајковиќ, манекенката Ана Рајковиќ, ги пoлнеше насловните страници на домашните медиуми додека се забавуваше со синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Ана и Вељко беа во врска пред Богдана да влезе на сцена, а манекенката најде среќа со фудбалерот, а сега откри дека не се срами од ниту еден избор од минатото, но и дека остана во добри односи со нејзините поранешни партнери.

„Сè уште сум пријател со сите мои поранешни момчиња“, рече Ана и додаде:

“Не гледам ништо лошо во тоа. Сите мои избори досега беа вистински.

Јас го избрав тоа и горд сум на тоа”. Манекенката која со фудбалерот ги има синовите Реj и Тадија, вели дека не се плаши од тоа што еден ден ќе најдат за неа на Интернет.

“Свесна сум каква мајка сум и каква сопруга сум. Не се плашам од ништо што моите деца ќе видат или прочитаат за мене. Тие ќе бидат доволно стари за да разберат и да знаат дека бев целосно на место ”

Претходна статијаИце од Штип живее сам со три деца, со 10.000 денари, во куќа без мебел
Следна статијаЗоки Фаци удри по Миро екс „Бекстејџ“: Оди во Штип и паси овци!