Ова е наследникот на Ленче и на Горан Кукиќ, упати силна порака на која никој не остана рамнодушен (ФОТО)

0

Пејачката Ленче Кукиќ изјави дека ѝ е многу мило што во Белград на улица ја препознаваат од шоуто „Никад није касно“, каде што учествуваше со својот сопруг, Горан Кукиќ, кој е и победник на ова музичко натпреварување.

На граница не познаа: О, еве ги Македонците од „Никад није касно“, и во Белград на улица исто така“, изјави Ленче во емисијата „Магазин“ на Сител, и рече дека нејзиот сопруг ѝ бил инспирација и таа да се пријави..

– Горан беше на нивна покана учесник, а јас немав години за да учествувам во Никад није касно.

И некако така емотивно се откажав. Си реков: Еве. За мене тоа беше крај. Но, после три години се случи нешто друго.

Не знам, јас се викам дека тоа е се некоја божја работа. И да сакаш да го планираш тоа, не можеш“, раскажа пејачката.

И секогаш си велев. Дали е тоа вистинскиот момент? Но, навистина бил вистинскиот момент.

Сепак, јас налетав на коментари дека не сум требала да одам, но тоа во мојата глава е промоција за било каде. За мене тоа беше како лото.

Потоа, Ленче и за нејзината победа во шоуто, во 2019 година, и за тоа кога со нејзините изведби го расплакувала жирито.

– Јас таа 2019 година доживеав голема радост и голема тага. Тоа гледачите преку екраните не можеа да го дознаат, бидејќи јас таа 2019 година ја изгбив мајка ми.

И некако, не бев свесна дали тоа на мене ми се случува, и некако го издржав тој период на радост и на тага.

Дури и сега кога ме прашуваат, како го издржа тој период, јас не знам што да кажам.

Стоев таму и гледав на екранот дека јас ќе победам, веќе последните бројки, ама не знам, бидејќи баш таа недела ми беше многу тешка“, рече Ленче и продолжи да зборува за паузата околу вирусот.

Мене лично вирусот ми дојде како некоја пауза, да се одморам, да се средам, да видам кај сум. Ако се работеше, јас мислам дека немаше да издржам.

Ама, сега веќе се наоѓам во ситуација кога го пребродив тоа и се наоѓам во ситуација каде што почнува да ми работи волјата за работа“, рече Кукиќ.

Таа потоа раскажа дека таа и Горан Алачки, почитуваќи ги сите протоколи за заштита изминатиов перидо снимиле еден убав албум на стари македонски песни, што за неа е голема радост.

Зборуваше и за бакшишот и за тоа дека заработката на секој човек е релативна работа, во зависност од тоа кој колку троши и кој колкави трошоци има.

– Јас секаде каде што настапувам, јас никаде и никогаш не сум отишла да им кажам на луѓето да ми дадат бакшиш. Тоа е невозможно.

Ние ги благословуваме луѓето кога ќе ни дадат бакшиш, им велиме: да ви даде Господ уште повеќе, дека ни тие ни дале нам. Ако тие се задоволни, и ние сме задоволни и благодарни“, рече Кукиќ за бакшишот..

Горан Кукиќ победи во ова музичко шоу во 2016 година, а неговата сопруга Ленче Кукиќ однесе две победи во 2019.

Ленче и Горан иако заедно настапуваат со нивниот бенд, ретко можеме заедно да ги видиме пред камери во некое заедничко интервју.

Меѓутоа, деури потоа тие првпат застанаа пред објективот на „Гранд оналјн“ и го дадоа своето прво заедничко интервју во кое открија детали од приватноста.

Ленче и Горан открија како ги делат професионалните и домашните обврски, кога се разделуваат, кој има поголем авторитет кај нивниот син.

На прашањето како наоѓаат заеднички јазик кога се заедно, пејачката вели:

„Јас можам да кажам од женска страна, го решаваш истиот проблем, jа работиш истата работа, се надополнуваш, сфаќаш дека не можете еден без друг“ вели Ленче.

Ленче вели дека не само работните обврски, ги делат и домашните обврски, па кога нешто не може Ленче да заврши тогаш е тука Горан да и помогне.

Ленче и Горан открија како го поминуваат своето време кога не се заедно. Се случува и тоа.

На пример, јас ги завршувам моите обврски во студио, Ленче е дома и завршува домашните обврски“ вели Кукиќ, а Ленче додава дека таа го користи и слободното време за да оди и на кафе со пријателки.

Наследникот на Ленче и на Горан , Иван Кукиќ е исто така познат и успешен музичар, тој свири бас и е дел од триото на Влатко Стефановски. Ленче откри кој има поголем авторитет кај синот.

„И двајцата имаме авторитет кај Иван. Имаме разбирање, Иван е добро момче, послушно. Ние сме задоволни“ вели Горан.

Иван студираше на Музичка продукција и дизајн на звук на Белградската Академија за уметностите. „Белград како град ме поврзува бидејќи мојот дедо потекнува од Белград и уште како мал одев таму и го засакав градот.

Истражувајки по интернет ја најдов Академијата на уметностите и така одлучив да студирам таму“, изјави тој за Хаштаг.мк

Како нешто најинтересно би ја одвоил случката со еден господин додека имав настап. Беше пресмешно, доаѓа тој до мене и ми вели „Дали може да направиме една македонска песна“, на ова јас го прашав која, а тој по некое време ми вика „Кад би био рањен“, раскажа тој во истото интервју.

Иван сега е посветен на снимање онлајн песни, а една таква убава изведба имаше на хитот на Бијело Дугме, Sanjap sam noćas da te nemam, на која никој не остана рамнудушен, и многумина го споделија.

Но, тој ја отсвире и убавата македонска народна песна Елено ќерко, и тоа со турската пејачка Gül Özgüner, која е вистински мелем за уши!

Претходна статијаДали е ова крај на сагата: Роберт Ордановски и напиша на Агнеса емотивен статус
Следна статијаВодителот Ване Маркоски откри како ја дочекал одлуката за неносење маски на отворено