Нашиот познат музичар се огласи лут: Не можам да доловам како се чувствувам освен да почнам да пцујам

0

Познатата скопска рок група „Ласт експедишн“ која долги години постои на музичката сцена, сними нова епсна што се вика Мајка.

Песната всушност зборува за татковината, за Македонија. Енко, познатиот рокер, лидерот на групата напиша лут статус на Фејсбук со кои им се „заблагодарува“ на сите што токму пред Европското првенство во фудбал, ја игнорирале новата песна.

Пред натпреварот со Австрија тој ги запраша луѓето дали ќе навиваат за Македонија или Австрија и продолжи со приказната:

– „ПОЧИТУВАНИ” медиуми, ви се обраќам на сите вас кои ја игнорирате нашата песна која ја објавивме пред четири дена со наслов LAST EXPEDITION и ПРИЈАТЕЛИТЕ – МАЈКА.

Искрен да бидам и не очекував незнам каква екс -плозија на одушевување и богзнае каква голема реакција од ваша страна ама толкав процент на игнорирање до сега немам забележано никогаш и тоа за песна која предизвикува силни емоции кај народот.

Стварно не можам со зборови да ви доловам како во моментов се чувствувам освен да почнам да пцујам. Ама за сега ќе се воздржам.

Прво песната беше пуштена премиерно на едно радио и беше прекината на пола и заменета со некоја странцка деб-илна песна која можда му се допаѓа само на авторот и на неговото потесно семејство.

Втор пат беше пуштена на едно друго радио и беше најавена као ПАТРИОТСКА (веројатно за да не обележат). Потоа ја пуштивме на јутјуб каналот и како и што знаевме предизвика мноогу мнооогу добри коментари, позитивни критики и емоции.

Средата (09.јуни 2021) беа пуштени подетални технички информации за песната и линкот до неа до сите релевантни „МАКЕДОНСКИ“ медиуми кои би требало да направат било каква анализа па макар и негативна а они (ИГНОР) со чест на исклучоци.

Не постои држава на планетава земја која самата се игнорира и нема развиено чувство за самопочит како што е „нашата земја” а песната е само домољубна. Затоа драги мои пријатели ако ви беше намерата, да ставите една убава песна во бункер тогаш ви кажувам дека успеавте.

Само што ќе имате голема помош и од мене. Јас ќе ја закопам. Не треба да постои убава Македонска песна. Утре вечер ќе ја избришам од сите социјални мрежи и останати канали и ќе го забранам емитувањето на истата. А вие размислете уште еднаш за кого ќе навивате денес, утре, за месец, година….“

Поздрав Бате Енко.“, е пораката што тој ја објави на Фејсбук, a потоа напиша:

ПОЧИТУВАНИ ПРИЈАТЕЛИ. Денес во 19.00 часот ќе ја повлечеме песната МАЈКА од сите социјални мрежи и платформи. Ви благодарам на подршката и ви посакувам среќа во животот.

П. С. Сите што мислите дека треба да ја имате песната ќе може да ја симнете од следниов линк кој ќе трае четири дена.
https://we.tl/t-7xduC87r7R

Претходна статијаСлавица Ќуктераш прозборе дали е вљубена и зошто „полудела“
Следна статијаДрагана која работела на брод раскажа како си поминала и како е сега