Нашиот познат музичар ја покажа ќерка си, убава на тато (ФОТО)

0

Еден од нашите најпознати композитори Дарко Димитров е оној низ чија музичка работилница поминале многу ѕвзди, и домашни и балкански.

Талентот на Димитров е наследен, тој е син на легендата Славе Диитров, а брат му Оливер е исто така одличен музичар.

Димитров во една прилика, во интервју за Бекстејџ прозборе како е тоа да се рааботи со толку големи ѕвезди.

Во неговото студио биле: Дино Мерлин, Емина Јаховиќ, Наташа Беквалац, Анастасија Ражњатовиќ, Александра Радовиќ, Јелена Розга, Јелена Томашевиќ, Сергеј Ќетковиќ, Ана Николиќ, Елена Ристеска, Туна Седји, Тамара Тодевска и монгу други.

„Кај мене ѕвезди нема, јас велам кога ќе дојдете кај мене јас сум ѕвездата.

Не поради тоа што јас сакам да бидам ѕвезда туку поради тоа што мора да се спуштиме на ниво каде што сме никој и ништо за да може да дадеме максимум.

Сите тие луѓе се преталентирани. Кога ги гледаме вака си мислиме дека некој им помогнал, но не е така.

Мора да носиш нешто во себе, да го градиш со години, да знаеш да даваш за да ти дадат.

Со нив имам слична енергија, ја примам нивната енергија, емоција, какви проблеми имаат во моментот“ вели Димитров.

„Често имаме ситуација да се скараме во студио, некој да се исплаче и да си замине.

Со Емина бидејќи многу сме блиски ќе се скараме, ќе си замине и потоа кога ќе се врати ќе излезе хит“, изјави Дарко во интервју за Бекстејџ пред извесно време.

„Не ми значи ориватно дека јас сум сакал некогаш да бидам број еден. Не ми се тие целите во животот. Навистина, во својата душа не размислувам дека има број еден во ништо.

Дека сите сме луѓе пто во себе нешто носиме, само треба да гио работиме тоа што го сакаме и сите ќе бидеме број еден во некој сегмент.

Јас сум добар во продукцијата, каде што пробувам да го дадам срцето и очигледно пробувам да најдам хемија, и тоа ми успева со изведувачите.

Кога ќе станам од сабајле пробувам да избришам се од главата.

Јас сум никој и ништо и пробувам да се докажувам сам на себеси“, изјавин Дарко за „Бекстејџ“.

Тој е долги години оженет со Маја Димитрова со која има две ќерки. Дарко ретко во јавноста се појавува со сопругата и не објавува многу приватни фотографии.

Дарко кој ја напиша српската песна за Евровизија за згодните Ураганки, се пофали со својата ќерка на Инстаграм. Се гледа дека е убава на тато и на мама.

Претходна статијаЦецо мори шо сторе, ќе грабаш пари: Цеца ќе ја видиме на плажа во Охрид, ама ќе се сонча и на базен во Пробиштип
Следна статијаЕве зошто сите гледаат во Милица Тодоровиќ (ФОТО)