Јелена Спенџарска откри: Ги имам сите симптоми, главоболка (ФОТО)

0

Јелена Спенџарска, популарната ТВ-водителка од „Канал 5“ и инфлуенсерка на социјалните мрежи, често знае да биде интересна за јавноста и за нејзините фанови.

Сите кои ја следат, воодушевени се од нејзините статуси, а дел од нив навлегуваат во сферата на филозофијата и психологијата. Многумина се пронаоѓаат во нив, и повеќето се согласуваат.

-Мислам дека татко ми од секогаш знаеше дека ќе бидам новинар…. Јас како мала сакав да бидам принцеза (сериозно) но тој ми велеше, -‘Не, таа “професија” не е за тебе, ти еден ден ќе бидеш новинар, ќе видиш.

„Така потсвесно израснав со таа помисла и кога дојде ред да се запишам на факултет, немаше дилема. Се запишав на правен, отсек новинарски студии и добро ми тргна.Ништо од мојот сон да станам принцеза, изјави Спенџарска во едно претходно интервју.

„И покрај тоа што сум се појавила на неколку ревии, манекенка никогаш не сум била.. Можеби било тоа некоја тинејџерска желба, но никогаш не сум сакала комплетно да се посветам на таа професија.

Еден од статусите на Јелена на кој жените позитивно реагираа вели: „Да не се лажеме, не се плашат мажите од силните жени. Се плашат од фактот што тие можат СЕ и без нив“.

„Некои недели се за НЕправење ништо! Истегање во кревет. Попладневна дремка.. Дукс и долен дел пижами…

Гледање цела сезона од омилената серија, без прекин, само да идеш до тоалет или до кујна по чипс или сладолед…

Некои недели се за боси нозе, книги и кафе. За шетање. Долго, во природа. И тишина, додека сонцето ти се одмара на телото.

Некои недели се за соништа, сонување, солзи, насмевки и долго туширање. За правење колачи додека ја бараш станицата на радио со омилените песни. Некои недели се за дишење!!! ДИШИ!“. порача Спенџарска и додаде во друг статус:

„Во мене понекогаш живеат две личности: Една која сака да оди по планини, пустини, на сафари, да јаде полжави и да скока со падобран и друга која сака да гледа серии и да се ‘дави’ со помфрит во замрачена соба !

Денес среќа па сум првата“, напиша Јелена под среќната слика.

За емотивниот живот на водителката, и за тоа кој е автор на сите овие фотографии не е познато. Дали Јелена во моментов има дечко, и дали ѝ треба таа кажа во еден друг статус:

„Таа е едноставна! Не ти треба многу! Шолја кафе, книга, сончев или уште подобро, дождлив ден, простор да дише и некој кој ќе го сака!“

Јелена е позната по тоа што сака да патува и да поминува време со своето семејство. Таа н еодамна беше во Турција- Анталија, а потоа објавуваше слики од патувањата низ Македонија. Последно, таа беше во Дојран од каде што порача:

Постои добра причина зошто шофершајбната е голема, а ретровизорот мал…. Многу е поважно да гледате каде одите, а не што сте оставиле позади себе!“, рече водителката.

Таа изинатиот викенд со искористи за семеен ручек во ресторан, и објави сториња од својата внука, но за време на ручекот Јелена улови уште еден интересен момент- запрсосување на соседната маса.

-Првпат сведочам на вакво нешто, со среќа нека ви е. Напиша Јелена и објави видео од дечкото како со прстен клечи пред својата сакана.

Се надеваме дека од ова видео што го бендиса, и Јелена ќе ја „фати мајата“ и наскоро и таа ќе застане на лудиот камен.

Јелена сега ги изненади фановите со ново стори. Таа иако има одлична линија решила да ослабе и е на познатиот ке -то начин на исхрана. Тоа е диета богата со протеини и масти, а сиромашна со јаглехидрати.

Јелена објави стори во кое напиша: Ги имам сите симптоми дека влегувам во кет оза!!! Блага главоболка ми е најнеубавата!!! Вода пијам како луда и изгибив 1 кг досега.

Претходна статијаБебек всушност не се вика Жељко, легендарниот пејач откри кое му е вистинското име
Следна статијаЌе се наплаќа ли влез на плажите во Македонија?