Нема ништо поиритантно од тоа кога ќе забележите дека повторно се таложи прашина врз површините, а тукушто сте ја средиле куќата и детално сте ја исчистиле.
Дали и вам ви се случило, за само 24 часа да забележите повторно прашина откако истата детално сте ја избришале?
Веројатно досега сте пробале повеќе начини за отстранување на досадната прашина, а ако му се верува на познатиот “Смитсонијан”, кој тоа го наведе на својот сајт, тајната состојка е глицеринот кој можете да го купите во повеќето аптеки.
Имено, не е доволно само да се исчисти прашината, туку и да се спречи таа да не се појавува барем некој период. Сè што треба да направите е да измешате 5 литри вода со 3 лажици глицерин, да натопите крпа во оваа мешавина и со неа да ги пребришете подовите, огледалата и мебелот.
Исто така, глицеринот е ефикасен и во елиминација на дамки од кафе или чај од облеката. На свежа дамка нанесете комбинација од кујнска сол и глицерин (во однос 1:1), а штом дамката избледи, облеката исперете ја на стандарден начин.
Со крпа натопена во малку глицерин може да ги истретирате изгребаните делови од кожната облека или мебелот. За детално чистење на прозорите се користи раствор од глицерин и етил алкохол во однос 1:10. Со овој раствор се пребришуваат прозорите.
Корисни совети зошто секоја домаќинка треба да има глицерин дома
Можеби ќе се изненадите, но примената на глицеринот е многу голема, бидејќи може да ви помогне во најнеочекувани ситуации, да ви заштеди време, пари и нерви.
Глицеринот е еден вид на сложен ал-ко-хол кој е буквално „жеден“ за вода. Составен е од две примарни ал-ко-холни групи и една секундарна (споредна) кои претставуваат еден вид на сунѓерчиња, односно кон себе ја привлекуваат водата кога доаѓаат во контакт со истата (според некои истражувања апсорбира вода до 25% од својата тежина).
Претставува безбојна течност, со средна густина, растворлива во вода (доколку се прават креми се додава секогаш во водената фаза). Се добива по пат на хидролиза на триглицеридите кои може да бидат од животинско или растително потекло, односно по пат на сапунификација на маслата (кои може да бидат од растително или животинско потекло).
Затоа и кога се подготвуваат домашни сапуни во самиот производ веќе е присутен глицеринот. Има еден вид на глицерин кој се добива и по пат на преработка на нафтата, меѓутоа за среќа е доста редок како состојка, со оглед на тоа што претходните два се многу поевтини за производство.
Како состојка глицерионот има „вечен живот“. Нема рок на траење, одлично издржува секаков вид на температура и не реагира на светлина (како што е тоа случај со многу други состојки).
I Со помош на глицерин можете да исчистите закоравени дамки
Дамки од бобинки може да исчистите така што еден час ќе го оставите валканото место потопено во глицерин, а потоа ќе го исперете во солена вода. Многу лесно ќе ја исчистите свежата дамка од кафе или чај ако на извалканиот дел од облеката ставите смеса од глицерин и сол во однос 1:1. Штом избледи дамката, веднаш исперете ја на вообичаен начин, рачно или во машина.
II Глицерин против прашина. Ако со глицерин го исполирате лакираниот дрвен мебел, па дури и огледалата, прашината нема да се таложи на нив.
III Глицеринот ги обновува кожните работи. Ако кожната гарнитура со текот на времето се излитила (или јакна, чанта…), пребришете ја со глицерин. Можеби нема да и го врати првобитниот иглед, но ќе изгледа многу подобро и поново.
IV Ќе ви ги светне подовите. Ако дома имате паркет или ламинат, пребришете ги со вода и глицерин (2-3 супени лажици глицерин на 5 литри вода). Повторно ќе засветат.