Симон Трпчески каков што не го познаваме, ја покажа македонската гордост – отиде во Букурешт и навиваше за нашите фудбалери (ФОТО)

0

Симон Трпчески е меѓународно истакнат македонски класичен пијанист. Тој е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња.

За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари ширум светот.

Во 2011, Трпчески станува прв носител на титулата Национален уметник на Република Македонија.

Трпчески се огласи на својот профил на Фејсбук минтата година, во време на пандемијата кога не можеше никаде да настапува каде што напиша:

Денес, 29.04.2020 година, одбележувам 20 години од еден мој посебен момент – почеток на мојата професионална кариера, како еден од победниците во финалето на Милениумскиот светски натпревар за пијано во Лондон (29.04.2000), под покровителство на Н.Е.

Принцот Чарлс, и мојот прв настап со Лондонскиот филхармониски оркестар, во концертната сала Royal Festival Hall, во изведба на Концертот за пијано и оркестар бр.3 од Сергеј Прокофјев, кога имав чест да ми биде врачена наградата лично од Н.Е. Принцот Чарлс…

20 години од финалето на Милениумскиот светски натпревар за пијано во Лондон, кога мојот професионален живот се сврте кон друга насока.

… Искра на еден млад музичар од една мала, но историски значајна земја – Македонија, на една од најважните светски концертни сцени (Royal Festival Hall), како во сон опкружен со Лондонскиот филхармониски оркестар…

Премногу добро за да биде вистинито… млад човек кој се стремеше кон таков момент кој што до денешен ден продолжува да биде негова движечка сила за споделување на музичката магија со многу луѓе ширум светот, на концертните сцени и надвор од нив…

Сеќавање на средбата со почесниот покровител на натпреварот, Н.Е. Принцот Чарлс… кој години подоцна, ја сподели радоста во истиот ден за Кралската свадба на неговиот син Вилијам (29.04.2011).

… Моменти што ми го збогатија животот… Благодарен сум им на татко ми и мајка ми и на целата моја фамилија за „маратонот“ што тие го „трчаат“ со мене во текот на сите овие години.

Како и на моите професори, мојот менаџмент, и на сите искрени пријатели, колеги, поддржувачи и прекрасната публика низ целиот свет, за нивната постојана поддршка која претставува голема инспирација за мојот професионален успех и продолжување на мојата долгогодишна мисија за промовирање на македонската култура на сите континенти, што е нешто што го правам со гордост и од срце!“, напиша тогаш Симон.

Сега,откако неговите настапи низ светот повторно започнаа тој закажа концерт во среда, и тоа Букурешт.

Концертот се поклопи со нашите репрезентативци кои заиграа на Европското првенство во фудбал во Букурешт, а Симон ги бодреше и објави на Фејсбук:

– Прославување на првото учество на македонската фудбалска А репрезентација на Еврошампионатот и нашиот прв историски гол во Букурешт, заедно со мојот брат Јован Трпчески, како и драгите колеги од Романија, Сорин Спасиновиќ и главниот диригент на оркестарите на Македонската, Енеску и Трансилванската филхармонија, Габриел Бебешелеа, како промоција за нашиот концерт во среда (16.06.2021) во Букурешт!

Симон објави слики и видео како се радува на првиот гол што Горан Пандев го даде за Македонија на ЕП.

Претходна статијаТатко ѝ го напиша „Бисер Балкански“ кој ечеше во Букурешт, а Маја која има тешка животна приказна се јави од Холандија (ФОТО)
Следна статијаИлина Арсова направи важен чекор за сите жени, наша позната пејачка ја поддржа (ФОТО)