Антониа загуби драга личност: Да знаев дека е последен пат, ќе те гушнев посилно!

0

Антониа Гиговска се прослави со учеството во „Ѕвездичките на Пинк“, а сега е една од нашите најпопуларни пејачки и инфуелнсерки.

-Покрај моите родители, најголема поддршка имав од Иван, поради тоа што тој е во таа фела.

Тој е музичар, тој знае најдобро да ми каже, во финалето негов предлог беше да ги пеам ‘Proud’ и ‘I’ll never love again’, со тоа што за ‘I’ll never love again’ премногу ми помогна за тоа како да ја изведам.“, изјави пејачката за Хаштаг.мк.

Таа во истото интервју раскаа каква била како дете.

„Многу плачев, многу јадев чајна и кашкавал (кашкавалот ми остана, чајната не). Сум била многу бесно дете, многу сум плачела, не сум сакала да одам ни во градинка, ни во училиште.

Се сеќавам дека во прво одделение многу плачев и не сакав да седам, па баба ми ја викаа да седи со мене во клупа.“ Во друго интервју, траа раскажа како го запознала Иван.

– Ние се знаеме одамна, само по колегијална линија. Тој знаел која е Антониа, јас сум знаела кој е Иван од Либеро бенд.

Јас имам постар брат кој игра фудбал со Иван, му одел на забави и биле блиски, па така Иван слушнал како пеам уште на 12 години кога ја објавив мојата прва преработка на Јутјуб.

Нашата приказна беше многу интересна. Додека сè уште бев малолетна, Иван ме „внесуваше“ во дискотека.

Некоја година подоцна не спои една свадба на која што јас бев повикана да ја отпеам првата песна, а Либеро Бенд и Иван ја свиреа свадбата.

Од првиот момент знаев дека сме еден за друг без разлика какви беа можностите во тој момент.“

Иван е постар од Антониа десет години и во истото интервју таа зборуваше како ги прифатила јавноста со Иван на почетокот, како реагирале на нивната врска.

– Сигурно имало многу коментари кои што јас сигурно не сум ги прочитала од проста причина што сум личност што не обрнува внимание на коментари затоа што животот што го живеам е мој и што и да направам тоа е затоа што јас сакам така да биде.

Сме имале многу проблеми на почетокот, да, многу од моите блиски не ја прифаќаа врската со Иван, но ништо од тоа не можело да влијае врз нас“, реча Антониа.

Таа, заедно со Иван штотуку се врати на романтично патување, и во тоа во Анталија, па често знеа да се пофалат со слики покрај базен или на плажа.

Иван и Антониа всушност беа дел од турата која ја организираше агенцијата Фибула, со повеќе наши познати личности.

Додека беа на одмор, Турција влезе во делумен карантин. Не работеа повеќето бизниси, а работеа само супер-маркетите и аптеките.

Карантинот не важеше за туристите кои се веќе во оваа земја, така што Антониа и Иван можаа слободно да си уживаат во убавините и во романтиката.

Парот објави интересна слика на Инста, откако заедно учествуваа во едно шоу за млади таленти, а на сликата се и двајцата во тон.

Антониа за жал загуби ваен човек во нејзиниот живот, својот најдобар пријател. Уште еден млад ракометар почина. Станува збор за Марко Божиновски, членот на Бутел Скопје.

Божиновски е дете на Металург, пред две години настапуваше за вториот тим на овој клуб, а потоа го засили составот на Бутел Скопје. Тој беше дел од кадетската репрезентација, во него имаше огромен потенцијал.

Срцето на Божиновски за жал, откажало, објави Спорт медиа. Антониа ја сподели оваа вест и напиша:

„Марче… те гушнав пред некој ден.. да знаев дека е последен пат ќе те гушнев посилно! Поч-ивај во мир, ќе те памтам како мој најдобар другар.“

Претходна статијаБогдана со емотивна честитка за роденденот на малиот Жељко (ФОТО)
Следна статијаКарлеуша ги откри тајните на својата ќерка (ФОТО)