Алачки си замина во Хрватска и објави слика со голем човек, целата среќна (ФОТО)

0

Адријана Алачки со години наназад е добро препознатлив лик пред ТВ камерите. Таа својата кариера ја почна како пејачка, а потоа продолжи и како ТВ водителка на кулинарското шоу „Вкусот на традицијата“.

„Секој ден му се заблагодарувам на Бога за новиот ден, што сме здрави и живи и едноставно започнувам со мојата м ентална хигиена. Тоа се јога техники што ги користам од многу одамна, кажа во една прилика..

Ако го миете лицето, а у мот не, тогаш немаме комплетна нега. Како се з агадува лицето, така и умот од секојдневието. Здрав и стабилен ум , дава отсјај на лицето“, вели Алачки која е голем поборник на природниот изглед..

„Немам б отокс, хиалурон, филери. Не сум противник, но сепак кога ќе видам неприродно и лошо аплицирани пополнувања. Треба добро да се одбере каде и кој ќе ви го р аботи лицето“, вели Адријана.

Нема подобра козметика и сјај на лицето од здрави живи успешни и среќни деца и внука, и тоа се нарекува специјален третман за лице. И секоја брчка е од нив, и секој сјај е од нив“, изјави Алачки.

Таа ги има децата Грациела и Благоја, а пред неколку години стана и баба на преслатката Јана. Надвор од професионалните обврски, познатата пејачка на народна македонска музика е посветена мајка и баба.

„Децата се мои најважни ж ивотни Гран При награди. Сe друго е минливо, само децата и внуците се трајни ж ивотни дела“, изјави Андријана во едно интервју.

„Синко, кога беше мал беше едноставно да ги искажам желбите за тебе и остварам. Но на возраста на која си сега желбите од мајката се непроменливи, но се е во твоите раце за нивната реализација. Одговорно и храбро пред себе, само ти можеш да ги исполниш и да стоиш цврсто пред твоите планови и одлуки. Се зависи од тебе.

Биди ми здрав и жив, напиша Адријана за роденденот на својот син Благоја. Денес, таа му го честиташе именденот, Благовец. „Денес е светото Благовестие, Благовец, именден на мојот син Баже. Да е здрав, ж ив и името да му е вечно.

Да им се радува на основните животни вредности што човека го чинат човек, љубов, почитување и семејство. Го честитам именденот на сите што го прославуваат. Бог да не благослови и да даде среќни денови“, напиша Адријана на Фејсбук за својот син.

Кога Грациела прослави роденден, а Адријана со емотивни зборови ја опиша својата ќерка.

– Да се има ќерка како што си Ти моја Граци е привилегија, дар од Бога, бескрајно му благодарам што толку ме награди за да почувствувам што е дете, со сите ни шани.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН моја убавице. Биди ми здрава и среќна со твоите најмили, остани скромна како секогаш, тоа ти е голем украс и многу незаборавни мигови до следниот…Многу те сака мама!

Среќо моја, гордост моја!“, напиша Алачки за ќерката. Потоа сподели уште една објава за која раскажува за нејзината мака пред да ја донесе на свет ќерката.

– Среќен роденден сонце мајкино. На овој ден после седум месеци од мојот к арантин на ГАК Скопје се роди моето прво чедо, мојата прва љубов Граци. Целиот мој живот се промени, тоа што мојата мајка ми го кажуваше дури тогаш и поверував.

Ниту деновите ниту ноќите не беа исти, спокојни како порано. Првото запознавање, до-ење, запче, п лач, насмевка, б олка, се делиш со него. Заминуваш на работа и мислите ти се само кај твоето дете…едноставно само тоа ти е важно.

Расте, се менува, го следиш, ги живееш и неговите успеси и проблеми, се додека не се освестиш дека веќе твоето дете, не е дете…тоа дете има дете, семејство свое…свој човек. И тогаш мислите се на квадрат…повторно од почеток…и така само го мислиш Бога да се сите здрави и живи..

Затоа што тоа е само желбата на секој родител. А да не зборувам кога ке доживееш да твоето дете прераснало во здрава личност, морална, интелектуална и светска, а од скромност блика.

И тогаш важи пораката дека големината и вредноста на еден човек лежи во неговата скромност и едноставност. Тоа е мојата Граци…мојата секојдневна инспирација и дамарот мој. Среќна, здрава, жива…секој Божји ден…посебна си сонце.. единствена“, напиша Алачки.

Адријана сподели спомен со својата мила внука Јана, кога таа биоа помала, пред 5 години, а ја опишала со овие емотивни зборови:

-Соколица на баба! Како да го објаснам тоа, ми дава сила а ништо не ми прави, ме држи на нозе во животот а всушност ти ја држиш за раченце додека оди…чудни работи“.

Адријана во неколку навратуи изјавуваше дека едвај чека да се стабилизира состојбата со вирусот, за да може да ги продолжи своите активности со здружението Гастромак и да патува како порано.

Таа си ги спакува јуферите и замина во Хрватска и тоа на островот Брач каде што ги снима најновите епизоди од Вкусот на традицијата.

Сликајќи се во една позната хрватска таверна, таа напиша: Коноба Копачина…газда Шјор Иво и најпознатото јагнешко на Брач…,, Vitalec” mmmmm.

Нејзиниото друштво Гастромајк таму се натпреваруваше на гастрономски натпревар, а таа се пофали со успехот на своите готвачи: Доделување на наградите
Бисер мора 2021. Гастромак се закити со два бронзени медали во категоријата модерна кујна и рижото. Честитки до Анита Самарџиоска и Милка Атанасова!“.

Но, Алачки се сликаше и со една голема легенда, а тоа е познатиот готвач Стево Карапанџа, кој заедно со Оливер Млакар и со Иво Сердар ја водеше мегапопуларната емисија „Малите тајни на големите мајстори на кујната“.

Пред три години, на третиот Меѓународен гастрономски натпревар „Гастромак Македонија 2018“ во Струмица, беше гостин и познатиот готвач Стево Карапанџа.

-Јас секогаш го покажувам тоа што го работам и што го знам и што сум им го пренел не само на младите, туку и денес кога луѓето ме прашуваат секогаш искрено им одговарам.

Им го кажувам секој рецепт и ништо не кријам, бидејќи нема потреба од такво нешто. Некогаш имаше некои рецепти што не се кажуваа“, изјави тогаш Карапанџа.

Претходна статијаКомшијата на Харис Џиновиќ откри – како да не се заедно со жена му, не шашардиса човекот
Следна статијаПриказната на Татјана Стојановска и на Михаил е како љубовен роман (ФОТО)