Алачки јаде што си сака, а слабее, како ли ѝ успева? (ФОТО)

0

Адријана Алачки со години наназад е добро препознатлив лик пред ТВ камерите. Таа својата кариера ја почна како пејачка, а потоа продолжи и како ТВ водителка на кулинарското шоу „Вкусот на традицијата“.

„Секој ден му се заблагодарувам на Бога за новиот ден, што сме здрави и живи и едноставно започнувам со мојата ментална хигиена.

Тоа се јога техники што ги користам од многу одамна, кажа во една прилика.

Ако го миете лицето а умот не, тогаш немаме комплетна нега. Како се загадува лицето, така и умот од секојдневието.

Здрав и стабилен ум , дава отсјај на лицето“, вели Алачки која е голем поборник на природниот изглед.

„Немам ботокс, хиалурон, филери. Не сум противник, но сепак кога ќе видам неприродно и лошо аплицирани пополнувања.

Треба добро да се одбере каде и кој ќе ви го работи лицето“, вели Адријана.

Нема подобра козметика и сјај на лицето од здрави живи успешни и среќни деца и внука, и тоа се нарекува специјален третман за лице.

И секоја брчка е од нив, и секој сјај е од нив“, изјави Алачки.

Таа ги има децата Грациела и Благоја, а пред неколку години стана и баба на преслатката Јана.

Надвор од професионалните обврски, познатата пејачка на народна македонска музика е посветена мајка и баба.

„Децата се мои најважни животни Гран При награди. Се друго е минливо, само децата и внуците се трајни животни дела“, изјави Андријана во едно интервју.

Таа пред неколку недели си ги спакува куферите и замина во Хрватска и тоа на островот Брач каде што ги снима најновите епизоди од Вкусот на традицијата.

Сликајќи се во една позната хрватска таверна, таа напиша: Коноба Копачина…газда Шјор Иво и најпознатото јагнешко на Брач…,, Vitalec” mmmmm.

Нејзиниото друштво Гастромајк таму се натпреваруваше на гастрономски натпревар, а таа се пофали со успехот на своите готвачи: Доделување на наградите. Бисер мора 2021. Гастромак се закити со два бронзени медали во категоријата модерна кујна и рижото. Честитки до Анита Самарџиоска и Милка Атанасова!“.

Но, Алачки се сликаше и со една голема легенда, а тоа е познатиот готвач Стево Карапанџа, кој заедно со Оливер Млакар и со Иво Сердар ја водеше мегапопуларната емисија „Малите тајни на големите мајстори на кујната“.

Адријана објави нова слика на скоја се познава дека симнала некое килце, и изгледа одлично. На сликата, таа прави тиквички, и го сподели рецептот:

Запечени тиквички, во следните емисии Вкусот на традицијата во Етно Село Тимчевски…ммммм 2 тиквички, 2 супени лажици лебни трошки, 1 кафено лажиче лук во прав, 1.5 дл павлака

Сол, Малку масло, 2 чешниња лук ситно сечкан.

Адријана јаде што сака и пак слабее и многумина се прашаа: Како ли ѝ успева?

Претходна статијаПознатата наша пејачка Андријана Кеш се облекла исто на свадба со пријателкка и настанал хаос…
Следна статијаЈелена Спенџарска: Вие што немате, Господ нека е со вас!