Денеска повторно се одржа протестот на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Доста е, излези за Македонија“.
Од партијата велат дека се протестира против новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски линковски во вестите на ТВ Алфа зборуваше за блокадите кои ВМРО-ДПМНЕ ги организира веќе втор ден, како и за барањата на граѓаните кои ВМРО-ДПМНЕ ги застапува и поддржува.
Арсовски потенцираше дека СДСМ на нетранспарентен начин преговара во име на граѓаните, а тоа значи дека нешто се подготвува, односно најверојатно Зоран Заев и Владо Бучковски подготвуваат ново предавство.
ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа и токму преку ваквите блокади и протести ќе го искажува револтот и ќе се спротивставува на црните сценарија кои СДСМ на чело со Зоран Заев ги планира во наредниот период.
Доколку ваквите блокади не вродат со плод и власта да има слух за барањата на граѓаните, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира институционални блокади, се со цел власта
да биде разумна и да ги слуша барањата на граѓаните, а не да владее самоволието кое што е се повеќе видливо, истакна Арсовски.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде во служба на граѓаните и нема да дозволи да бидат изманипулирани и извисени од Зоран Заев и неговите соработници, токму затоа остануваме на улица се додека власта не откаже од намерата за ново предавство – завршува Арсовски.
Во Скопје протестот се одржа на три локации, крстосниците пред Градска болница, ТЦ Мавровка и НИП Нова Македонија, а протести има и во 9 други градови низ Македонија.
Протестите се одржаа токму кога силно невреме со поројни дождови го зафати Скопје.
Актерот Драган Спасов- Дац кој своевремено беше и директор на Македонскиот народен театар на Фејсбук напиша кратка објава: Не им се погоди времето.
Иако Дац во објавата не кажува на што мисли, според коментарите станува јасно дека зборува за протестот.
Еден од коментарите му одговара на познатиот актер: И, ти ли пораснаа рогови сега?