Водителката Јелена Богојевиќ прозборе за дечкото и откри од што е зависна

0

Убавата водителка Јелена Богојевиќ е ТВ лице од Сител и секое утро ја води емисијата Магазин. Но, таа пред да стане водителка беше манекенка, и во тоа време за својот живот зборуваше за Точка.мк

За себе вели дека е комуникативна, искрена, одговорна, креативна и дека многу ги сака животните. Нејзино хоби, освен манекенството, е и пишување поезија, цртање и читање.

Слободното време го поминува зависно од расположението, најчесто излегува со најблиските или пак се опушта со добра книга или филм во домашна атмосфера.

Кога ја прашаа кои делови од машкото тело кои Јелена прво ги забележува, таа рече: Цртите на лицето, па рацете.

Во интревјуто, Јелена ја прашаа и малку за запросувањето, при што откриле дека таа не би го запросила партнерот, дури и ако би била сигурна дека го нашла вистинскиот:

-Јас не би го направила тоа. Според мене, вистинскиот е оној маж кој ќе ја запроси својата сакана“, изјавила убавата манекенка и водителка.

Но, Јелена Богојевиќ на сите нам ни е добро позната по својата улога во детската тв серија која беше најпопуларна во тоа време „Наше Мало“.Таа од малата Матеа, низ годините прераснува во девојче кое можеме да ја забележиме буквално насекаде.

Од фестивалот „Златно славејче“ низ филмското пралтно глумејќи во филмот „Бубачки“ несвесно зачекорува на модните ревии па дури и зад малите тв екрани како презентерка на Метео5. Јелена е родена на 17 јуни 1993 година.

Никогаш нема да го заборавам моментот кога ја добив веста дека сум избрана на аудицијата за улогата на Матеа. Имав 8 години и за првпат глумев во серија.

Уживав во атмосферата, дружбата со глумците и целата екипа, снимањето по цели денови, сето тоа беше период исполнет со авантури, изјави Јелена за kjutizitise.blogspot.com

Неколку години пеев во детскиот хор „Златно славејче“, а паралелно се занимавав и со манекенството.

Кога го завршив курсот за помали членови на модната агенција, посакав сето тоа што сум го научила да го применам и на модните ревии. Така се роди желбата да зачекорам и на пистите“, рече Јелена а потоа ја прашаа:

„Твојата љубопитност те носи со занес на ветерот зад малите екрани и тоа во МЕТЕО5 на канал 5 телевизија како презентерка на временската прогноза, како се снаоѓаше во тие мигови кога се бараше од тебе да бидеш озбилна и насмеана девојка како тогашната колешка Ведрана, со оглед дека си имала само 16 години?“

-Се вклопив и се навикнав брзо, работата пред камери ми стана секојдневие. Прва љубов ми е глумата, а со текот на времето запливав и во други води, па ќе покаже времето каде најмногу се пронаоѓам“, одговори таа.

Сега, таа го најде својот пат во ТВ Сител, а во една прилика за Женски магазин откри дека има дечко и дека тој најмногу ја мотивира.

– Наутро сакам прво да појадувам и испијам кафе, навистина првиот оброк ми е најважен за да останам свежа и активна во текот на денот…

Првото утринско кафе го пијам или сама или со најблиските во домашна атмосфера, а потоа пијам уште некое кафе на работа или пак во скопските кафулиња-во она време пред пандемијата.

Најмногу ме мотивираат семејството, партнерот, блиските другари и другарки од кои секогаш добивам најискрени совети, поддршка и ветер во грб…

Тука е и професијата која ме исполнува и инспирира да го давам од себе максимумот… Сакам да учам нови работи, да се надоградувам во секој поглед, како духовно, така и професионално“, рече водителката.

Таа за истиот портал зборуваше за својата нега, убавина, за одржување на линијата, и откри од што е зависна:

– Освен за козметички производи и масажи, за телото се грижам и со активности како пешачење, возење велосипед, пиење поголема количина на вода.

Посебен режим на исхрана во моментов немам, се трудам да јадам разновидно и умерено и најверојатно и брзиот метаболизам си го прави своето за одржување на линијата.

Многу го сакам и скработ од кафе кој освен за лице, може да се употребува и за тело, а сум „зависник“ и од парфеми и лосиони, креми за тело“, рече оваа убавица.

Претходна статијаМногумина кои го прележаа вирусот се пожалија на „Мозочна магла“ – д-р Даниловски објаснува што е причинител и како да се третира овој синдром
Следна статијаНашата позната водителка Пепита која одамна ја напушти татковината, уште се бори за Македонија, а го покажа и синот (ФОТО)