Орце Стефковски- Царот го сподели својот плач и лелек

0

Орце Стевковски – Царот добро е познат на македонската публика, но и пошироко како пејач со многу хитови, многу турнеи низ Австралија, Канада, Америка, Европа и многубројни солистички концерти.

Во својот репертоар ги има познатите хитови како „Убава Калина“, „Царот Неготински“, „ Пукнала мајко треснала“, „Глас се слуша, плач и лелек“ , „Се заљубив на стари години“, како и познатата песна „Од кај дојдовте“.

Македонскиот пејач Орце Стевковски – Царот го издаде своето  насловено како „Тука ми е коренот во Македонија“, посветено кон сите македонци во странство, со јасна порака и повик да се вратат во родната земја.

Албумот содржи нови авторски песни, од кои една од нив е всушност посветена на Горѓи Атанасовски, кој се вратил во нашата татковина и вложил доста парични средства во родниот Прилеп.

Втората песна „Ние Македонците родени во туѓина“ е песна што ја отвора целата душа и го полни срцето со љубов кон татковината.

Па, затоа оваа песна е посветена за сите македонци родени во туѓина. „Еј, мори Гурѓе“ , „Евица ми лежи на срце“, „Се е пусто од кога си замина“, „Не ме мачи ѕверко“ – се со љубовна тематика.

Песната “Ден се разденило сонце огреало над Мариово“, „Ако некој праша од каде си“, „Песна за с.Теово“, „Песна за Мислешево“, „Песна за Лазец Битолско“ – се со патриотска тематика, а со свадбарски мотив е песната „Мерак ми е кум да бидам “.

За Орце е познато дека е голем патриот, но и дека е во брак со Драгица Стефковска- Драгче.

Драгче во едно интервју зборуваше за својата љубов со Орце.

-Да, со Орце сме 36 години во брак, од кој имаме две ќерки и пет внучиња. За да се зачува бракот потребно е разбирање и отстапки.

Тешко е поради менталитетот во нашата земја, кога секој сака да знае се за другиот, за комшијата и слично.

Благодарение на цврстиот карактер и гледајќи си го домот и блиските секогаш си силен“, изјави таа.

Орце, откако не настапува како и сите негови колеги поради пандемијата, е се уште посветен на музиката.

Тој често споделува снимки од свои настапи на Фејсбук, а така беше и на 4 мај.

Тој ја сподели својата песна „Глас се слуша, плач и лелек“, која ја сними во чест на гоце Делчев. Орце под објавата напиша: Во чест и вечна слаба на великанот Гоце Делчев.

Фор: Јутјуб принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаЗоки Фаци со Катето во Холивуд: Ах бре, Кате, Кате… (ВИДЕО)
Следна статијаТамара објави досега невидена слика од неа (ФОТО)