Кристина Арнаудова: Дојде и тој ден, го започнавме најтешкиот дел (ФОТО)

0

Пејачката и хуманитарец Кристина Арнаудова веќе неколку години раководи со здружението „Проект среќа“ кое им помага на социјално ранливите категории, најмногу на децата.

Најновиот нејзин проект е „Проект куќа со Кристина“ во кој Кристина, заедно со нејзиниот тим ќе реновира 36 домови, а сето тоа ќе го гледаат гледачите на „Телма“ телевизија.

„Проект Куќа,, произлезе од проектот ,,Топол дом за сите,, кој моето здружение Проект Среќа го започна во декември 2019 година. Идејата беше да се реновираат или изградат од ново домови, каде живеат семејства со деца, во многу тешки услови, без основни услови за живот.

Кога го започнавме проектот немавме никаква идеја дека ќе го снимаме. Како што и самите знаете, одбегнуваме да ги снимаме -снимам моите активности.

Во текот на припремата, и барањето спонзори и донатори со големи срца, кои би се вклучиле, и заеднички би изградиле среќа за многу деца, сфативме дека одзивот на компаниите би бил многу поголем кога тие за возврат би добиле реклама за тоа“, рече Кристина кога ја објави емисијата.

Таа потоа објави дека е неизвесно дали „Прокт среќа„ ќе продолжи понатаму да делува, поради кризата што ја донесе пандемијата, но неодамна се огласи со нова опримистична објава.

-Е па другари, едно шо научив во животот е дека и кога сите врати пред нос ќе ти ги треснат, продолжи да тропаш, една ќе се отвори…. Упорност и never give up. Така цел живот!

,,Проект куќа со Кристина,, ќе продолжи да гради среќа за некој месец и пол, а првата сезона ќе почне во септември, на Телма телевизија.

Во една сезона треба да направам 36 домови. 36 да. Како? Немам појма. Just watch me. Потешкиот пат е за мене вистинскиот пат, од кога знам за себе…. полесниот сите знаат.

Ако сакате да помогнете, бујрум! Фалат мајстори!“, напиша таа. Кристина сега започна со работа на емисијата и на реновирање домови за семејствата, и тоа го објави на својот Инстаграм профил.

-Работен викенд! Снимаме ,,Проект Куќа,,! Наскоро почнуваме со градење топол дом и среќа и во Долно Лисиче кај милите Тони и Тео и баба Станка и дедо Веле ! Ќе не гледате од септември на Телма“, најави Кристина пред неколку дена, а нејзината најнова објава вели:

„Проект Куќа со Кристина,, е мојот нов ангажман, предизвик и мисија. Во оваа година која за сите нас и за целиот свет, бизнис секторот и обичниот народ е најтешка, решив да го започнам овој предизвик. Зошто сега?

Затоа што не постои совршено време, и никогаш нема да постои. Совршено време е сега и веднаш. Совршени услови за работа не постојат. Сами ги создаваме. Некогаш потешко, некогаш полесно….

Немам појма дали ќе успеам. Некогаш верувам а некогаш се чувствувам како Сизиф и каменот. Ако ваква емисија е тешка за работа во цел свет, овде, каде филантопијата и општествената одговорност на компаниите е на најниско ниво, е 100 пати потешка.

Затоа во овој предизвик ќе ми требате сите, сите вие! 36 домови во една година е бројката. Големите работи се создадени од многу мали, наизглед незначајни акции.

Затоа не воздржувајте се да бидете мал дел од оваа приказна. Така се гради големата слика! Апел до сите компании…. сега е моментот да ги отворите срцата!“, апелираше пејачката.

Кристина неодамна најави дека започнала со снимањата на хуманитарниот проект „Проект куќа со Кристина“ и ќе се емитува на есен на Тв Телма.

Таа и нејзиниот тим веќе започнаа со реновирање на неколку куќи, а за најтешкиот дел од овој хуман проект, Кристина напиша на профилто на Проект среќа:

Дојде и тој ден, ја започнавме можеби најтешката реконструкција од сите планирани за оваа сезона на Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina!

Благодариме на сите кои се приклучија да се соберат средства бидејќи требаше многу за да се започне оваа куќа која ќе се работи од кров до темели….

Матеј, Димитри со нивните семејства од Канада ви благодариме за вашиот голем ангажман да соберете средства за работната рака!

Без вас немаше да успееме! Дали од оваа куќа која се распаѓа ќе успееме да направиме убавица?! Ќе видите и самите во септември! А сега на работа!“, објави таа.

Претходна статијаОткако раскина со дечкото, Милица Тодоровиќ закопчана до грло му посвети песна
Следна статијаЧичо Лазе: Не дека ми е син, ама воа е злато од дете