Ирена Спировска ги покажа братот Борче и сестрата – ептен личат со сестра и (ФОТО)

0

Со години наназад, Ирена Спировска е една од нашите најдобри и најпознати водителки. Таа изгради успешна кариера во медиумскиот простор.

Таа е најангажираната водителка на промоциите на речиси сите познати поп и фолк-пејачи, како и многу културни и општествени настани и е синоним за успешна, но и негувана и убава жена.

Приватно најголема радост ѝ е ќерката Зорица, а е и активен член на НВО „Борка“.

Сепак тоа што посебно ќе го издвоиме за неа е стилот, кој кај неа варира во однос на работните обврски, промоциите на кои се појавува или пак тоа што обожава да го носи во слободното време.

Ирена беше активна и во модниот свет, таа е Зимска убавица на Македонија за 1993 година.

„Бевме дел од манекенската екипа на Марјан Димитриевски кој во тоа време ја имаше најдобрата модна агенција. Ние станавме дел од неа на почетокот на деведесетите.

Станавме дел од подмладокот на агенцијата и освен на модни ревии учествувавме и на избори за убавина како претставнички на агенцијата. Јас бев избрана за Зимска убавица на Македонија во 1993 година.

Тој период јас веќе работев во МТВ како хонорарен соработник, па решив да се откажам од модните писти и да им се посветам на студиите по книжевност и на работата во телевизија“, се сеќава Спировска за Женски магазин.

Спировска е една од ретките која успева умешно да направи баланс меѓу приватниот и професионален живот, а слободното време го користи за планинарење.

Највисокиот врв кој го има искачено е Триглав, а целта и е да искачи и некоја повисока планина.

Новата година започна амбициозно за Ирена. Таа со својот партнер Душко Исајловски и со пријател се искачи на врвот Магаро на планината Галичица.

Спировска секогаш има добра мотивација, секоја чест за овој неовообичен и впечатлив почеток на 2021 година.

Водителката ретко на социјалните мрежи споделува фотографии од своето семејство, но овојпат направи исклучок и на „стори“ фотографија со братот Борче.

„Братска – сестринска љубов“ напиша таа како објаснување.

Инаку, ова е сестрата на Ирена, Јелена за која многумина тврдат дека премногу си личат.

Ирена многу мала остана без мајка си, која се упокои како последица на р ак на дојка. Затоа знам како изгледа кога некој се бори со оваа болест и што значи тоа за целото семејство, кажа во една прилика Ирена Спировска.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаПо поплаките на нашинците, МНР со добра вест за Дијаспората: Сега можете да пријавите доколку не сте задоволни од услугата
Следна статијаЛазар Бараков се пишмани и пак снима Македонски приказни, ама по едно нешто многу жали