Трети мај е посебен ден за Игор и за Илина, затоа што токму на овој ден започнала нивната љубовна врска минатата година, а по овои повод Игор на Инстаграм се сети на нивните почетоци и напиша:
-Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа:
“А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?” Излеговме од “Ланосот” и…ја гушнав. Гушката се уште трае…“, напиша Џамбазов.
Во емисијата Еден на еден, Игор објасни како всушност започнала нивната врска. „Така и почна нашата љубов, таа ме покани на првиот карантин да го поминам кај неа“, рече Игор за минатата година, кога во земјава имаше неколкудневен карантин.
-На полициски час го поканив, од петок до понеделник. Тоа е веќе за емисија нас 18“, додаде Илина со насмевка во истото ТВ гостување.
Својата прва годишнина, тие ја славеа на посебно место, едно од нивните омилени, а тоа е планината Кожуф.
„Кога имаш до себе жена која е меѓу шеесет и нешто жени во историјата што го направиле тој подвиг (мислејќи на нејзините достигнувања во планинарењето), сфаќаш дека имаш работа со посебен човек.
И уште ако ви се вкрстат енергиите, заедничките размислувања и оние нешта кои не’ порзуваат околу уметноста, околу тоа колку ја сакаме Македонија, околу начинот на живот, скромноста во животот“.
Ова Игор Џамбазов го изјави во „Бексјетџ“ за својата сакана Илина Арсова, нашата позната алпинистка и уметник.
„Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови, доведувајќи се себеси во високор изични ситуации со кои многукратно сум си го загрозила животот и здравјето.
Толку не ме пишувало по весници дури и кога станав прва дама од нашата земја што стапна на врвот на светот пред 7 години.
Се надевам разбирате дека се шегувам, планините се моја страст и пасија кои некако имаа приоритет во мојот живот“ – изјави Илина во една прилика за Женски магазин.
Игор во емисијата Еден на Еден изјави дека му е страв да ја гледа Илина кога се качува по карпи.
– Кога првпат ме однесе на качување, од Дојран за Демир Капија, одевме често бидејќи е половина час со автомобил. Навистина се преубави тие карпите, помеѓу двата тунела. Лево и десно се стази, бележани.
И вториот ден ѝ се случи нешто што се случува многу ретко. Паѓаше 5-6 метри од голема висина, и ја немаше 3 секунди.
Тоа го видов, и оттогаш ги оставам на местото, и си одам покрај Вардар, си седам, си гледам, и претпоставувам колку време им треба да се качат“, раскажа Игор, по што Илина додаде дека другите може да ги гледа како се качуваат, а неа не може.
Потоа Арсова рече дека за жал не успеала да се искачи на одредено ниво за кое вежбала, и беше многу самокритична- самата си се обвини за тоа, дека требала повеќе да работи.
Илина и Игор се долго време во Дојран, а од време на време одат и во Охрид, поради семејниот бизнис на Илина, хостелот Икар Хат. За Илина изгледа дека дојде лето па објави слиика од плажа, во костим за капење.
На сликата, Илина создава ново уметничко дело а под неа напиша: Раѓањето на летеќкиот змеј. На сликата, Илина вистина изгледа како змеј!
Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин