И понатаму се сакаат Драгана Мирковиќ и славниот актер, љубовта им цвета со години

0

Драгана Мирковиќ е една од најпознатите пејачки во Србија и во дијаспората.

Иако многумина на почетокот од кариерата и се потсмеваа на изгледот, таа сега е една од жените со одличен стил.

Драгана повеќе од дваесет години не живее во Србија. Таа е во Виена заедно со сопругот Тони Бијелиќ, кој има свој приватен бизнис, и со децата Мануела и Марко.

Куќата во која живее Драгана е како од бајките, таа има свој приватен спа центар. Куќата има неколку спални соби, базен, дрвени скали, бања украсена со Сваровски кристали, приватна сауна и префинет италијански мебел.

Во куќата, Драгана и Тони имаат и свој приватен базен. Бањата е украсена со Сваровски кристали.

За декорацијата и за стилот на куќата, пејачката вели дека се погрижил Тони, а тој и ги исполнил сите желби.

Без оглед што живее во луксуз, за Драгана велат дека е многу скромна личност и сака да се дружи. Една од нејзините добри пријателки е и Лепа Брена.

Минатото лето, Драгана и Лепа Брена и семејно се дружеа во Монако и во Монте Карло.

Популарната Драгана во јануари прослави роденден, а по тој повод се огласи на својот Инстаграм профил.

Нејзината објава предизвика многу коментари, бидејќи посака нешто што им недостасуваше на сите во времето на вирусот, и сите се најдоа во нејзините мисли.

„Денес ми е роденден и имам право да посакам желба. Сакам нашите животи да се вратат кај нас, децата повторно да имаат детство без мас ки, и луѓето да се прегрнуваат и бакнуваат, сакам … Сакам да ЖИВЕЕМЕ ПОВТОРНО. – напиша пејачката и предизвика лавина коментари и лајкови.

Не е тајна дека Драгана Мирковиќ и Жан -Клод Ван Дам се големи пријатели многу години, а последниот коментар што актерот ѝ го остави на легендарнта пејачка само потврдува дека тие си се драги еден на друг.

Мирковиќ објави убав пролетен колаж од фотографии – го посети австрискиот град Херштајн и позираше на тревата полна со цвеќиња.

„Еден прекрасен ден во природа“, напиша Мирковиќ во својот пост. Ван Дам реагираше во коментарите.

„Изгледаш убаво, како и секогаш“, ѝ рече актерот на својата долгогодишна пријателка.

Фотографијата има над илјада лајкови, а многумина забележаа дека Ван Дам е меѓу коментаторите.

Да потсетиме, Ван Дам и Мирковиќ случајно се сретнаа во Виена. Популарниот актер веќе неколку пати ја рекламира Драгана на социјалните мрежи, а не крие дека е обожавател на нејзината музика.

Драгана, исто така, никогаш не пропушта да му го честита на Ван Дам секој празник, како и родендените.

Фото: Фејсбук принтскрин, Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаГо чуваат споменот на татко им: Како изгледаат и што прават сега децата на Пепи Бафтировски (ФОТО)
Следна статијаАлександра Пријовиќ се покажа во бикини, ужива во луксузна вила на море (ФОТО)