Драган Б. Костиќ има повод за славење, стана дедо и раскажа интересна приказна

0

Познатиот радио и ТВ водител Драган Б. Костиќ на крајот почетокот на 2019 година на Фејсбук раскажа дека се соочил со сериозна здравствена состојба.

-Секогаш верував дека растојанието од појдовната до крајната точка е некаде запишано. Надевајки се дека растојанието од почетокот до крајот е што е можно подолго.

Со убедување дека точката во моето име е секогаш ознака, не за крај, туку нов почеток. Ја имав среќата деновиве да биде така.

Ми се намерчи сериозна болест која се закануваше точката да го означи крајот. Но, благодарејки им на доктор Христо Пејков, доктор Калпак, кои со својата стручност и висока професионалност, го одржуваа растојанието од двете точки, редица други доктори кои со пројавениот интерес.

Ме охрабруваа, извонредниот персонал на кардиологија на државната клиника, со сета грижа и внимание, ја имам можноста да го пишувам ова.

Им благодарам на најблиските пријатели, кои дури беа и позагрижени од мене, знаејќи ја можната сериозност на посочениот проблем, преземајки и некои невозможни мисии, за не дај Боже..На семејството кое мирно,без паника секојдневно беше покрај мене.

Далеку, се уште од некаква крајно решена состојба, благодарен за можноста да го пишувам ова со насмевка, среќен што можам на сите добронамерни да им ја честитам Новата година и Божиќ и им посакам здравје и потоа секаква друга благосостојба., од срце го правам тоа“, напиша Костиќ.

Кога наполни 69 години авторот на ТВ шоуто „Б со точка“ и на радио емисијата „Кавервил“ со убав статус им се заблагодари на своите пријатели на честитките. На 11 јули познатиот Б. ќе наполни 71 година.

„ Немам пари. Немам,куќи, автомобили, девизни сметки оваму или онаму. Можеби во некои скриени сништа и ги посакувам. Но, дали би бил посреќен? Не верувам.

Не! Сигурен сум! Затоа што и без сето тоа јас сум богат. Затоа што имам стотици и стотици незнаени и знаени пријатели кои ти посакуваат сѐ најдобро.

Затоа што со своето постоење си бил создаден да им го разубавуваш секојдневието, со генерации, за да бидеш нивното убаво денес за низ спомени во нивното утре. И одново и одново…

На сите на кои не успеав и лично да им се заблагодарам, од срце ви БЛАГОДАРАМ, за роденденските честитки и убавите желби“, напиша Драган чии емисии „Заборави ако можеш“ и “Диско селектор“ беа и останаа музичка лекција за многу генерации.

Драган сега сподели една убава вест, имено тој стана дедо и сето тоа го раскажа на интересен начин:

-Лесно е да се стане татко. Тешко е да се остане татко. Дедовството зависи од татковското.

Велат….Каков татко, таков син. А внукот? Не знам. Допрва ќе осознавам. Им благодарам на Елена и Ване.

За внукот Андреј. Ееееј….станав ДЕДО!

Фото: Фејсбук принтксрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаБаба Цена: Ќерката и синот сакаат да ме земат во Германија, зар на овие години
Следна статијаКарлеуша ептен се зближи со таткото на пејачот од Звезде Гранда, неговата сопруга порача дека ќе ѝ дојде…