Дац: Сакам да нарачам будење за во некој убав пролетен сончев ден

0

Еден од нашите најпознати актери, драган Спасов- Дац во последно време, те актуелен по дуото со продуцентот Александар Митевски, и имаат снимено неколку песни.

Најголем хит им е „Уште ми фалиш“, а според оваа песна се вика и емисијата која се емитуваше на Јутјуб, во која разни познати личности од повеќе сфери раскажуваат свои приказни од детството, од младоста, но и пеат како дел од сценариото.

Познато е дека Дац е семеен човек и во неколку наврати има споменато колку ја сака својата сопруга Весна. Во една прилика, објавувајќи слика со жена му, тој напиша: Најубавите очи се оние кои те гледаат со љубов, бојата нема врска.

Дац, на оригинален начин ѝ го честиташе роденденот на својата сопруга: Се сум ти кажал, се знаеш… но, ќе те потсеќам вечно. Среќен роденден убавице моја. Псссст, чувај ги нашите тајни засекогаш.

По повод осми март, тој ѝ упати романтични зброви на својата Весна: „Мојот Осми март, мојот роденден и мојата Нова година. Мојот цел живот!“, напиша актерот. Уште една романтична, оригинална честитка, Дац напиша по повод роденденот на сопругата.

Среќен роденден моја животна сопатничке! Од твојот роденден па се до мојот, ќе бидат затворени обложувалниците. Aма не е важно и без тоа те сакам. Да си жива и здрава уште многу децении!“, напиша Дац за својата Весна.

Дац неодамна објави слика со својата сакана сопруга и им одржа лекција на сите мажи за романтика. Со сопругата се сликаше со по една ѕвезда во рацете и напиша: Сите ѕвезди ти ги симнав, празно е небото!

Дац и Александар Митевски беа гости во емисијата Магазин на Сител, и таму ја промовираа новата песна и спот за која рекоа дека дошла спонтано. Ова е македонска песна која е со потекло од Куманово, а Дац и Александар ја преработија.

-Се решивме за една култна песна „Бабино девојче“, многу позната, многу типична за тој крај, и посебно ни е драго што се врзавме со еден човек кој ни е пријател долго време, и музички сме имале можност да се дружиме и да соработуваме, Нино Величковски“, рече Александар Митевски.

Потоа Дац објасни дека е ова е народна песна која имала многу строфи, а оваа праработка е всушност трета верзија на песната. Дац изјави дека снимиле спот со кој сакале да се врзат со градот Куманово, преку старата убава песна. Потоа зборуваше за неговата професија, актерството.

– Јас станав актер, и никогаш не жалам за тоа. Тоа не е професоја, тоа е љубов. И многу ми е жал што таа моја љубов моментално стагнира, но еве се повеќе се опуштаат работите, и некако најдов утеха во целата оваа работа со Александар, со пеењето, за пак да бидам блиску до публиката, на некој друг начин.

Но, со душа го чекам времето кога ќе се наполни салата во Драмскиот театар, и кога ќе се поклониме после убаво одиграна претстава, и кога ќе го чујам тој аплауз, што навистина е огромна награда“, раскажа Дац.

Потоа раскажа за неговата мајка која била манекенка, и дека тој за прв пат со неа излегол на писта, за рака фатен. Тоа всушност било првото излегување на сцена на Дац, тој прво бил манекен, па актер. Митевски пак рече дека тој е многу горд на песната „Коематл шампионе“, и на денот кога РК Кометал- Ѓорче Петров станал шампион, во 2002 година.

„Беше тоа е едно фантастично време, прослава, песна. Јас нема со кој не сум соработувал, и ден-денес се дружам, контактирам, само што сега не с нима никој периодов. Еве сега се видов со Дарио, Бени…

Сите ни се чудат како сме продуктивни, како вадиме песни, и ние ги форсираме на некој начин да издат нешто ново. Мислам дека сега како доаѓа летото и како ќе попуштаат мерките, ќе има шанса за сите да направат нешто ново“, рече Александар Митевски за своите колеги.

-Еве, на пример со Росана, 2019 година на Макфест кога беше со Уште ми фалиш, направив една песна за Росана, Спомени, и ја вратив на естрадата повторно. И убави се тие моменти кога некој таков пејач ќе биде пак актуелен со нешто ново“, додаде Александар за Росана.

Потоа, водителката го праша Дац за неговите синови кои се актери и дали од него ја наследиле пасијата кон глумата, дали тој ги поддржувал а одат во тој правез или тие самите си го изградиле патот.

-Не, не сум терал никого, како што и татко ми мене не ме терал. Татко ми обратно, тој ме одвраќаше да не станам актер. Затоа што, во оваа професија треба да си најдобар. Ако не си најдобар си ништо, и тоа е проблем.

Има трагични глумци, коишто на папир се глумци. Така да, не ги одвраќав, не ги ни бодрев, но со двајцата го спремав примениот испит, кога веќе решија. За примениот испит јас ги спремав и беа одлични“, изјави Дац.

Двајцата зборуваа и за тоа дека Александар Митевски кој е всушност новинар по професија почнал како рапер и рекоа дека не е лоша идејата да направат некоја рап нумера, секако на шега.

– Во сите песни и настапи потенцираме дека немам политика воопшто, по тоа сме познати и буквално, народорт знае дека се она што го правиме буквално од првиот ден кога се појавивме го правиме за нив, и искрено настапуваме.

Немаме калкулации тука, во било што. Секоја песна која добро ќе помине повлекува и различни коментари нормално“, рече Митевски за нивниот хит „Вакцина“. Дац е познат по тоа што секогаш пишува интересни статуси на Фејсбук, а секој негов статус е приказна. Во новиот, тој се сеќава на едно старо време и вели:

Сакам да свртам 95 за да проверам колку е часот, да го ставам телефонот на мушица и да нарачам будење за во некој убав пролетен сончев ден.

Ама да се разбудам баш на залезот на сонцето и да вдишам мирис на липи со со полни гради. А кога ќе се завртам назад, сенката да ми биде дури до немај-каде! ДСД“.

Претходна статијаНашиот пејач полуде по србинките на Евровизија, го вмеша Гарванлиев и рече… (ФОТО)
Следна статијаКако да се другарки, ќерката на Ирена Спасовска е иста како мајка ѝ (ФОТО)