Бате Аце од Штип му пиша на Градоначалникот Николов: Докторе, знам не сум ви симпатичен, јасно ми е, но слушнете ме

0

Александар Горгиевски од Штип е веќе познат хуманитарец, кој несебично помага на социјално слаби категории луѓе, преку новоформираната хунамнитарна организација, но и лично со своите две раце, учествува во изградба и реконструкција на нивните домови.

Тој е поранешен пожарникар, а завчера му пиша на Градоначалникот на општина Штип:

„До Градоначалник на Општина Штип, Др. САШКО НИКОЛОВ. Јас сум поранешен пожарникар, со 9 годишно работно искуство.

Располагам со сите сертификати потребни за професионален пожарникар и многу добро Штипската јавност и граѓаните на Општина Штип знаат како си ги извршував своите работни задачи додека бев дел од таа институција.

Бев пожарникар кој прв се спротистави на Илчо Захариев и се борев за правата на пожарникарите, јавно и транспаренто. Кога сите се плашеа и не смееја да зборуваат, јас сум тој што една година беше по судови и машки се спротистави.

Сашко, добро знаете дека бев прерасподелен во КУРИР, затоа што ја почнав таа војна не си дозволив да бидам ПАРТИСКИ ПОЛТРОН и со дела покажав дека таа професија ми е во душата, докажав дека за сѐ што тужев и тврдев бев во право за што си има и судски пресуди!

Против пожарната единица во Штип има дефицит од пожарникари. Тоа е факт и како совесен граѓанин, јавно се нудам да бидам вратен на тоа работно место и да се ставам на располагање на граѓаните на Општина Штип.

Еве, ЈАВНО ОБЈАВУВАМ додека со државата владее оваа ненародна власт ќе работам хуманитарно и парите предлагам да се пренасочат во ЦРВЕН – КРСТ доволно ми е давачките кон државата само да ги помирувате МНОГУ ЛИ БАРАМ?

Докторе, знам не сум ви симпатичен, јасно ми е, но да спремате 56 годишен човек да примате таму со без ниту еден ден работно искуство како пожарникар и дури сега да го обучувате, а мене да ме игнорирате, е срам за вас и за институциите на 58 години се оди во пензија у таа институција, бидејќи има бенифициран стаж.

Сашко дете машко треба да знаеш дека по природа сум борец и не се одкажувам така лесно секој ден ќе ти пишувам, секој ден ќе барам ПРАВДА, секој ден ќе го тестирам вашето лого ЕДНО ОПШЕСТВО ЗА СИТЕ.

Нема да ви дозволам партиски активисти да ангажирате таму! Верувај ми, ќе одговориш, кога – тогаш, ќе одговориш, а срамот е твој не мој!

Ти се обратив писмено, преку архива на Општина Штип и не добив одговор. Еве вчера пак ти пуштив и пак ти заверив во архивата на Општина Штип само терај си така ИГНОРИРАЈ ме, но народ гледа.

Народ чита нема јас да ти се удварам улизувам, во тоа биди сигурен, не барам да ме примаш на работа у БАРГАЛА, вашата фамилијарна фирма која пушта плата по 1 денар на вработените.

Барам да се вратам таму каде што припаѓам – меѓу пожарникарите и тоа се нудам да работам без пари. Сашко, помалку од денарот што го исплаќаат у фирмата ваша фамилијарна барам продолжи така и само вработувајте си партиски активисти и полтрони на СДСМ и мака немајте си МОЖЕТЕ вие на прав пат сте.

Александар Горгиевски. Ве молам сите што го имате у пријатели тагирајте го да се надеваме ќе ни одговори и тој како и Бочварски вешти се за одговори со кој ке ја замајуваат јавноста, ама бате Аце има живци ке го преживее овој хибриден режим.“

Претходна статијаТој не пушта машина, јас не менувам сијалица: Кристина раскажа како живее со сопругот
Следна статијаТатјана и Новица си имаат приватен возач во Австралија (ФОТО)