Атиџе покрај медот, ќе се занимава со нов бизнис (ФОТО)

0

Главниот лик од документарецот „Медена земја“, Атиџе Муратова се уште предизвикува интерес во јавноста, главно поради нејзината скромност и непосредност.

Од апсолутно непознат лик, Атиџе Муратова стана планетарно славна преку улогата наглавниот лик од „Медена земја“. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд, а по низата ангажмани и обврски, потоа повторно се сврте на секојдневниот живот во селото Бекирлија.

Документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, преку несекојдневната животна приказна на Атиџе ја пренесува пораката на жената која живее во симбиоза со природата.

Атиџе покажа дека е и талентирана за музика, и во филмот, и и со настапот на „Златна Бубамара на популарноста“ минатата година кога ја крена целата сала на нозе изведувајќи македонски народни песни.

Она по што е препознатлива е медот на Атиџе и домашниот прополис кои ги прави. Последниве месеци, Атиџе интензивно се дружи со писателката, водителка, наставник по музичко и пејачка Сузана Турунџиева.

„Оваа жена е бесценета за нашата земја… Најголемото богатство кое таа го поседува е нејзиното ДОСТОИНСТВО и доброто срце“, рече Сузана за Атиџе.

„Во овие неизвесни пандемиски денови, научив редовно да наздравувам со домашен прополис, и воопшто не било лошо.

Напротив, среќна сум што го открив лекот на иднината и чудесната моќ на пчелините производи!“, рече Турунџиева.

Сузана помогна да се изгради куќата на Атиџе во селото Дорфулија и им се заблагодари на сите хумани луѓе што помогнаа.

Атиџе е сега дома, а Сузана ја посетува, па така беше и на празникот Рамазан Бајрам, кога Сузана на Фејсбук објави:

#СреќнаСреда го направи овој мајски ден посебен… Последни подготовки пред големиот празник Рамазан Бајрам!

Подароците навреме доставени и сервирани на новата трпезарија на Атиџе“, рече Сузе.

Сузана објави слика од новиот бизнис на Атиџе.

Имено, таа отсега ќе почне да одгледува и зеленчук, со цел за поздрава храна од домашната бафча, но и за егзистенција.

Кралицата на пчелите премиерно оваа година ќе одгледува пиперки и патлиџан под фолија. Аирлија нека е, да и се множат плодовите“, најави Турунџиева.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаТој беше Елвис за Југославија: Се одјави уште еден легендарен ЈУ пејач од времето на нашите мајки и татковци
Следна статијаПроф. Трајковски: Да не се залажуваме – летото треба да се искористи за да не се брзаме на есен