Атанас раскажа каков татко е и за една претстава кога со Тино едвај се извлекле

0

Атанас Атанасовки е еден од нашите најпознати актери, кој е вработен во Театарот комедија, а во последно време е актуелен и по соработката со Тино Костадиновски, неговиот пријател и колега.

Тино и Атанас, добро познатото дуо сега се водители на емисијата Најискрено, која оди на јутјуб. Во емисијата Магазин, Атанас зборуваше за звојара дружба со Тино исо колегите.

-Ние сме мал ансамбл во театарот и се навикнавме на честа дружба, така што сите сме како фамилија, и затоа успеавме да созадеме такви позитивни и убави работи, претстави“, рече Атанас откако водителката го праша дали со тино и приватно се многу блиски.

Би рекол да, последнаца година не закочи, не се дружевме толку често, но еве сега има подготовки кај нас во театар Комедија, така што гарантирам дека дружбите ќе продолжат како никогаш да не застанале.

Нашата професија е жива материја , сите доаѓаме од дома со различни проблеми и некогаш може да ескалира ситуацијата ако не е погодено како што треба.

И да те нервира, секогаш на крајот гледаш да профунцкионира, да успее целото“, рече тој.

Потоа, доби прашање, која е најинтересната трансформација која ја направил на претстава,а а тој рече: Сум залижал коса.

Сепак, ние сме во театар, ако би биле на фим, да ти дадат хотелска соба, ми пожел да се здебелиш, да ослабеш, да полудиш, се то треба.

Имавме една претсава каде што публиката е многу блиску. Има ерупција до смеење во публика, а еден човек се смее малку поразлично од другите.

И тоа е едно инфантилно смеење, коешто не можеш да го игнорираш, не можеш да му оддолееш, и почнуваме одеднаш сите да влегуваме во хистерија на смеење.

Не можеме да продолжиме поатаму, тука застанува претставата. И како ќе се извадиш? Нема решение. Јас се пикнав во макетарот, во едни слики се пикнав, не можев да се соберам. Тино се покри со едно ќебе, он си се спаси.

А, еден колега отиде во другата соба мислејќи дека таму никој не го гледа и си се смее на раат.

Тони Денковски треба да продолжи со неговиот лик, да биде тажен, штотуку дозна дека жена му го изневерува, и тоа беше скоро невозможно да се продолжи“, рече Атанас.

Потоа рече дека на неговите им олеснало кога разбрале дека ќе стане актер. „Ме видоа дека сум паљачо. Ако не го примат на ФДУ, ќе најдеме некој цуркус, и барем ќе го шета светот“, рече тој.

Атанас зборуваше и за неговата најважна улога, а тоа е улогата на татко на Павле, кој наполни една година.

-Па, знаеш мислев малку покомлицирано ќе биде, и излезе дека мораш да се снајдеш во моментот, занеш ти се случува нешто дома и мораш да се пролагодиш кон нештата.

Сега ние не знаеме дали е напорно затоа што јас имав прилика цела година да бидам дома, тоа не ми се случило последниве седум години, така што имав прилика да се посветам кон тоа што е важно“, изјави Атанас.

Претходна статијаНашата позната водителка Пепита која одамна ја напушти татковината, уште се бори за Македонија, а го покажа и синот (ФОТО)
Следна статијаСања од „Брза кујна“ се пожали дека изгледа како ѓуле (ФОТО)