Владо Јаневски на 16 март во 2019 година година прослави 25 години кариера, со голем концерт во А1 Арената.
Оттогаш, пејачот и автор е послабо активен на сцената, а и на социјалните мрежи, освен што од време на време ги изненадува фановите.
Во интервју за Опсервер.мк Јаневски сподели една интересна мисла. Имено, тој откри дека веќе не му е престиж да го сакаат надвор од Македонија.
– Да ме прашавте пред 10 години ќе ви кажев дека тоа е да ме сакаат во Белград, во Загреб, во Љубљана, да правам 50 концерти годишно наместо пет.
Но денес, не. Сега ми е доволно само да се разбудам наутро и да помине уште еден ден, а од утре ќе размислувам за понатаму.
Толку сум сконцентриран на сегашноста, што ги отфрлив сите планови за иднината. Годините и искуството ме научија дека „ако сакаш да го насмееш Господ само кажи му што планираш.
Немам апетити да настапувам надвор од Македонија“, изјави Владо претходно, но сега тој интензивно снима и настапува во Хрватска.
Владо на една промоција рекол дека тој не е како Џорџ Клуни, кој изјавил дека нема да се жени, па го прекршил зборот. „Јас навистина нема да се женам“, рече Јаневски.
Тој неодамна даде интервју за 24info.mk, во кое се навреди за едно прашање:
– Малку е невкусно од човек на 60 години барате да зборува за девојки и ергенлак, не ви се чини?
Моите сфери на интерес во последниве 10-ина години се далеку од тие теми, иако љубовта како појава и сѐприсутна мист ерија во нашите животи била, и секогаш ќе биде тема на моите песни преку кои комуницирам со светот и креативно се изразувам“, рече Владо.
Пејачот во повеќе интервјуа изјави дека генерално слабо се дружи со луѓе, научил да му биде забавно сам со себе, а неговата куќа ја вика тврдина. Јаневски е познат по тоа што пишува најубави љубовни стихови.
За своите песни, тој вели дека се автобиграфски и секоја од нив има некоја своја приказна. Новата песна на Владо се вика „Без тебе не ме бива“, е беше промовирана на радио „Бубамара“ пред неколку дена.
Еден дел од песната е снимен во Скопје, а еден в Загреб, а Владо сотработува со Никша Братош, кој е познат музичар и има соработувано и со Тоше Проески. Еве што вели Јаневски во новата песна и кои стихови од неа се најсрцепарателни:
„Да те сретнам случајно, и сакам и неќам, ти ми будиш стари спомени и нови јадови. Секаде си со него, бликаш од среќа, а јас се распаѓам по сите шавови. Ти биди среќна, за мојава тага не си крива. Без тебе душо, едноставно не ме бива“, порача Владо.
Песната можете да ја слушнете ТУКА
Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин