Цела година ми помина со апаратот за притисок во рака: Сестрата на нашиот познат пејач раскажа за својата борба

0

Димитар Андоновски Кариерата ја започна како виолинист и дел од младите таленти на тогашната „Плеј потрага по ѕвезда“ на М2 продукција.

Денес е еден од најангажираните наши поп-пејачи.

Во 2018 година во февруари, Димитар и неговата сопруга Христина станаа родители на синот Михаил.

Среќен сум што ја имам Христина за жена затоа што во денешното модерно време кога сите вредности се изгубени реткост е, но и и дар од Бог да имаш вистински човек покрај себе.

Му Благодарам на Бога што ни го подари најпрекрасниот син на светов. Михаил ми го промени комплетно животот, се чуствувам исполнет, среќен и сфатив дека ништо друго на светот не е поблагословено и повредно од семејството.

Христина е многу посветена мајка и навистина покрај бројните обврски кои што ги има околу детето, скоро дипломира на Филозофскиот факултет како историчар со највисок просек.

Едноставно се гордеам со неа. Мојот внук Николај е мојата прва љубов од страна на сестра ми.

Дете полно со љубов за секој. Тој е толку многу интересен и харизматичен што не ме чуди еден ден да се занимава со јавна професија како мене и сестра ми Маја“, рече Димитар за својата сопруга и сеестра која е актерка.

Димитар рече дека би сакал сестра му да се појави во некој негов нов спот. Токму сестрата на Димитар, Маја на својот Фејсбук профил напиша една приказна која многумина ги замисли.

Битолчанката Маја Андоновска Илијевска наполни 37 години и по тој повод раскажа со кои тешкотии се соочувала минатата година.

„Јас сакам да зборувам за животот таков каков што е, со сите свои осцилации на дно и небо… За мене животот одамна не е совршена слика на фб и инстаграм, туку срцебиење страст, љубов, тага, радост, успех, неуспех… Се доживеано полнокрвно, човечки!

Денес ми е роденден. Гордо ги прегрнувам своите 37, силна, свесна и среќна.

36 ката ја бакнав, прегрнав и ја испраќам. Ако беше г-ад кон мене, ќе се сеќавам на неа со љубов. Пола година се плашев да не закачам Ко -вид од анксиозност, другата половина здравствено ги лечев последиците од неговото прележување.

Фотографијата е стара 6 месеци и е мала шала на сопствена сметка, оти така ми помина триесет и шеската, со апаратот за притисок на една рака, а со желба за наздравување на животот во другата.

И да кажам, добра сум, лекцијата ја повторив, усвоив и научив, најважно е да знаеш кога да ја кренеш рачната, а кога да се возиш на лудата железница на животот.

Си се опкружив со мал круг на за мене големи и најважни луѓе , се смеам на сопствена сметка многу често, вежбам јога, сакам и сум сакана!

И да ако на 27 бев Тор надо, на 37 сум УРАГАН. Среќен да ми е роденденот. Му благодарам на бога за се што имам. Посакувам само да сум здрава, жива и опкружена со најмилите, да си примам едно вакцинче и да си играм претстави, да организирам настани, концерти и фестивали без протоколи. Друго ништо не ми треба“, напиша Маја.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаВладо Јаневски сподели приказна за неговиот наследник: Не сум баш некој татко (ФОТО)
Следна статијаЕлена Ристеска: Ме измамија, сега ја кажувам вистината