Марија Шерифовиќ реши да отпатува со својот пријател Милош за Дубаи, но на аеродромот веднаш ги пречекаа проблеми.
Имено, кога Марија и нејзиниот пријател слетале во Дубаи, пејачката без проблем ги поминала пасошката и царинската контрола, додека пријателот бил задржан поради неговиот пасош.
– Луѓе, пристигнав и ги поминав пасошката и царинската контрола, но човекот кој беше на пасошка контрола го испрати Милош во собата за имиграција.
Милош го нема 40 минути, сè уште не му го дале пасошот. Сега не знам каде е човекот, ниту дали ќе дојде и кога ќе се јави – ја започна Марија приказната.
– Ми рече дека поминале сите што биле пред него. Милош, направи ли нешто без да знам јас? Сепак, претпоставував дека ќе го пуштат – додаде таа.
Времето мина, а Милош не се појави, па Шерифовиќ реши да провери што му се случува.
– Милош го нема. Поминаа уште 35 минути, во овој момент тој чекаше повеќе од час и половина.
Отидов кај чичко полицаец да го замолам да провери дали ќе излезе да знам дали да одам во хотел, гладна сум.
Човекот ми рече дека сè е во ред и дека луѓето од имиграцијата рекле дека ќе го добие пасошот за 15 минути. Седев сама на аеродромот и чекав да го ослободат Милош – рече таа.
– Морам да признаам дека бев загрижена, не ми беше сеедно. Аеродромот беше празен, нема никој никаде.
Тој седеше и чекаше човекот на шалтерот да му го удри печатот. Поминаа два часа откако слетавме“, истакна пејачката.
Марија откри дека го чекала Милош два и пол часа и дека на крајот отишла сама до хотелот.
– Ситуацијата е ужа -сна. Му пријдов на човекот од пасошка контрола за да му објаснам за што станува збор и тој отиде да по земе Милош и го донесе.
Човекот ми рече дека можам да одам, но дека Милош мора да остане и да оди во канцеларија со нив – рече таа, а потоа продолжи:
– Го одведоа во таа просторија и му го зедоа пасошот и му го рекоа следново: „Ние мораме да го провериме вашиот пасош, поради идентитетот “.
Потоа го сликаа и му рекоа дека ако е тој, тогаш може да оди во хотелот, а ако не, ќе се врати дома. На крајот, Марија немаше друг избор па отиде во хотелот и го чекаше Милош таму.
-Дојдов во хотелот, ме фати нервоза, седев и пу шев, а Милош чекаше некоја потврда за да го пуштат.
Никогаш не бил во Обединетите Арапски Емирати. Секоја личност во моето опкружување е многу цивилизирана – објасни таа.
На крајот се појави Милош, кој ја мина дополнителната контрола поради пасошот, а на Марија ѝ олесни и објави стори со својот пријател, двајцата со маски на лицето за убав тен.
Фото: Инстаграм принтскрин