Раде Трајчевски – Германец за Трифун Костовски: Има многу работи кои можат да се кажат за овој човек

0

Познатиот бизнисмен и добротвор Трифун Костовски се наоѓа во незавидна ситуација. Неговиот и имотот на неговиот син Коста се замрзнати, по пропаѓањето на еуростандар банката и процесот кој се води, а во кој се инволвирани и тие како семејство.

За Трифун Костовски во изминатите дваесеттина години се слушаше многу, но од поианаков агол. Тој во еден мандат беше градоначалник на Скопје и спонзор на ракометниот клуб Кометал Ѓорче Петров.

Нашиот народ знае да каже, кога човек ќе „падне“, сите, па дури и најблиските му се ситат, но со Трифун не е така. По ова сè што му се случува, со свои статуси се јавија многу луѓе на кои Трифун им помогнал и му дадоа поддршка.

Трифун Костовски на својата официјална страна на социјалните мрежи, ги објавува нивните исповеди:

Раде Трајчевски – ГЕРМАНЕЦ и Трифун Костовски

„Раде за Трифун: Мудар, достоинствен, искрен пријател, благороден, љубител на спортот и музиката, секогаш со ведар дух, совесен, одговорен кон својот народ, татковината, голем хуманист … и уште многу доблести кои можат да се кажат за овој човек кој го почитувам и сакам … тоа е нашиот ТРИФУН КОСТОВСКИ.

Човек со стил, полн со харизма, позитивна енергија каде и да се наоѓа, со препознатлива емпатија, кој несебично ги „распродава“ своето искуство и добрина, секогаш подготвен за пријателски совет, полн со љубов и емоции кои ги пренесува на сите околу него.

Она што ми се допаѓа кај него е тоа што знае да работи но исто така и да се забавува и сè што прави, прави од срце. Тој целосно се предава на се она што за него е од суштинско значење, она што го прави среќен … Со името на Трифун ме врзуваат пред сè семејни врски но и многу дружби, пријателски, спортски …

Кога веќе зборувам за спортските дружби не можам, а да не ги споменам нашите договорени фудбалски натпревари два пати во неделата, тука Трифун е едноставно неуморен.

Тој секогаш подготвен (без разлика колку динамичен и исполнет ден имал), пристапува со таков жар и желба што и оние најмладите во екипата остануваат засрамени пред неговото несебично предавање на „задачата“ која стои пред него – ПОБЕДА.

За него едноставно не постои КРАЈ или ДОСТА Е! Тој секогаш ќе најде начин како да го исполни преостанатото време, продолжува со шах, тенис или нешто сосема трето.

На долгите летни дружби додека сите спијат, одмараат, пијат кафе, шетаат, тој повторно „одмара“ на свој начин – договара и координира деловни обврски, довршува партија шах, со оние што не се уморни одигрува партија тенис, но тоа не значи дека следното утро нема да биде прв со утринското кафе и неговата пура на сонце пречекувајќи ги сите со насмевка и констатирајќи ја состојбата – дали се сите подготвени за новиот ден, кој вообичаено е преполн со нови активности, бидејќи тој едноставно време за одмор и стареење НЕМА!

Трифун е всушност најсреќен кога сите околу него се здрави и среќни.
Човек со големо животно искуство од кого сум научил многу … и сè уште учам …

Трифун за Раде: Раде мое внуче

Неговата мајка беше мојата најдрага особа кога имавме можност да одиме во селото на мојата баба Неда, Булачани и за празници да преспиеме таму. Заспивав во нејзините прегратки или во нејзиниот скут, едноставно не сакав да се одвојам од нејзе. Со Раде се знаеме од негово раѓање.

Интензивно другаруваме од 1994 година кога дојдов како спонзор во Кометал-Ѓорче Петров и беше дел од целата екипа која го составуваше костурот на раководството на овој успешен женски ракометен клуб.

Човек чесен, работлив, сака да услужи и помогне секому, спортист во душа и на терен, татко на две ќерки и прекрасна сопруга и веќе дедо. Наше врзивно ткиво не е само крвното сродство, туку и сродните души во поглед на севкупниот живот, спорт, музика, забава и најбитно доверба.

Раде, како мој внук сум посакал да биде таков не би бил толку совршен каков што денеска тој е. И во услови на пандемија, играме тенис, а со својата младоликост и генетска предиспозиција привлекува внимание што кај нас повозрасните Диносауруси, доколку играме дубл, Раде да биде од страната на тој што сака да победи.

Раде директно ти се обраќам … мораме да го менуваме концептот, ако вака продолжиме ќе ги откажеме Ане и Цили. Следниот дубл во тенис мора да го играме на принципот „компанија“ или петка-глава. Биди жив и здрав дете!“

Претходна статијаИсплива фотка од Карлеуша како дете – буцка мала во скут кај мајка и (ФОТО)
Следна статијаВиткам сарма и вежбам аеробик: Фолк-пејачката се пофали дека ѝ е убаво