Пријателка го опиша Благој Бочварски: Министре, нешто апчиња да не сте пиеле – како е можно да сте толку смирен

0

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски беше гостин во емисијата „Магазин“ на Тв Сител и зборуваше за неговиот приватен и професионален живот.

Тој на почетокот од разговорот го пофали својот сограѓанин Жан Митрев кој потекнува од Штип.

-Жан Митрев е мој пријател кој што исто така потекнува од Штип и кој што се воздигнал, не само на ниво на државата, туку и пошироко, со неговата благородна професија тој и помага на многу луѓе“, изјави Бочварски.

Потоа тој зборуваше за тоа каде се движел пред пандемијата, во слободно време, а го коментираше и својот стил на облекување.

-Луѓето можат да ме видат на стадион, во кафичи, секаде каде што се движам со мојата девојка…

Оваа позиција ме ограничува на некој начин, да морам да изгледам поформално, затоа што по цел ден сме на работни состаноци. Но кога не морам, се облекувам поспортски“, рече министерот.

За него, зборуваше шефот на кабинет Милкица Димитрова, која е негова другарка уште од Гимназија и откри каков е всушност приватно.

-Секогаш е смирен, не знае да повиши тон. Често знам да му кажам: Министре, нешто апчиња да не сте пиеле? И тој дека така смирено реагира, ние жените знаеме да кренеме пан ика и од ништо.

Приватно, зне да се опушти, да биде вистински пријател, знае да помогне и сака да помогне, пред се човечноста е карактерна особина што него навистина го краси.

Благој, сега знам да го скарнам дека многу не се посветува на слободното време, знам да му кажам:

Министре, излезете прошетајте, идете на кафе, на викенд. Игра и баскет, и фудбал, и кога бевме во Општина со директорите знаеја да поиграат“, рече неговата соработничка.

Потоа, таа раскажа какво роденденско изненадување добил од неа и од внуците.
Му беше роденден, младите многу го сакаат во Штип и сакаа да му приредат изненадување, со неговите внук и внука коишто се малечки, сакаа да го изненадат во неговата работна атмосфера.

Јас им реков: Ќе отворам кабинет, ќе влезете овде со балони, со торти.. И така се организиравме, но тој ме фати мене на врата, како нешто кој знае што да правам.

Само ја отвори вратата, и се изненади, ни успеа изненадувањето“, рече Димитрова и го праша Бочварски дали повеќе сака да соработува со мажите или со жените.

-Да не се навредат мажите, но повеќе верувам во жените соработнички, додека бев во Општината секретарот беше жена, шефот на кабинет Милкица- жена, координаторката на советничката група на СДСМ којашто беше во советот беше жена, и навистина знаат мнофу често и подобро да изменаџираат одреден проблем.

Потоа тој раскажа дека е во врска и што е она со што една една жена може да го освои и да му го задржи вниманието:

-Мислам дека најмногу влијае однесувањето, карактерот, карактерните црти на една личност, и кога два карактери така ќе се најдат во своето однесување, во начинот на живот, мислам дека тоа е убава комбинација и да се надополнуваат некако“, рече Бочварски.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаПорано глава не можеше да дигне од свадби и турнеји по Австралија, сега се занимава со ПВЦ прозори: Познатата фолкерка смени бизнис
Следна статијаБеше кралица на Ју сцената, се вмеша и во политика – сега ја нема зашто не сака да пее на селски приредби