Милена од Канал 5 покажа како изгледа на плажа во бикини: Не знам што попрво да направам

0

Познатата водителка од Канал 5, Милена Антовска во една прилика зброуваше за тоа како се снаоѓа во улогата на мајка.

-Секојдневно се изненадувам себеси и правам работи коишто сум мислела дека никогаш нема да ги правам. Станав уште поемотивна, многу мои животни навики се сменија, начинот на живот и темпото.

Кога станувате мајка веќе сè друго е во втор план, барем кај мене е така. Сега сè се врти околу Лана Марија.

Да јаде, да спие, да биде чиста, испеглана. За мене и сопругот ако има време добро, ако не никому ништо“, рече водителката.

Во едно интервју за Бекстејџ, таа одговараше на необични прашања, поврзани со нејзиниот сопруг.

Имено, на прашањето дали имала желба да се омажи со тогашното момче, денешниот сопруг Гордан, Милена вели: „Па, искрено ќе ви кажам, не, не сум имала некои такви желби. Сум имала некои други претензии и амбиции“ вели Антовска.

На прашањето дали планира да остане цел живот со Гордан вели:„Искрено не верувам, затоа што мислам дека тогаш целосно ќе се изгуби довербата“, рече Милена.

Имено, во рубриката „Сечено, лепено, монтирано“ на емисијата „Бекстејџ“ за да биде поинтересно на одреди одговори се монтираат други прашања, а потоа се покажуваат вистинските одговори и прашања.

Имено, на одговорот дали сакала да се омажи со сопругот, вистинското прашање всушност гласи: Дали Милена имала амбиции да се омажи за градоначалник, на што таа потенцираше дека немала такви желби и амбиции.

„Никогаш не сум се гледала во политиката, ниту пак да бидам сопруга на градоначалник, ниту пак да бидам првата дама“ вели водителката.

На одговор дека не верува дека ќе остане со сопругот, вистинското прашање е дали верува во љубов после неверство:

„Искрено, не верувам. Мислам дека не би можела тоа да го простам, за што сметам дека тогаш целесно ќе се изгуби довербта и тогаш некој ќе се труди да ја врати.

Кога еднаш нешто ќе се скрши, тогаш многу тешко е да се залепи, а кога ќе се залепи стои на стаклени нозе“ вели Антовска.

Милена е секако многу вљубена во својот сопруг, но во моментов не се заедно.

Таа е на одмор, во Анталија, турција со група пријатели, за што неодамна се пофали со стори на Инстаграм, како патува накај скопскиот Аеродром со нејзиниот колега и пријател Ване Маркоски.

Милена објави слика од плажа на која се гледа дека одлично изгледа во бикини и порача:

-Kога после скоро две години ќе отидеш на море и не знаеш што попрво да направиш. Јас решив да почнам со плажа и сончање“, напиша Милена на Фејсбук.

Фото: Инстаграм принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаГруевски: Во мое време ја следевме Германија, на пример
Следна статијаТамара направи нешто специјално за својата ќерка, Хана регираше со многу емоции (ФОТО)