Лила призна: Љубов немерлива, тој мене ми подари еден поинаков живот

0

Водителката и инфлуенсерка Лила Стојановска многу сака да патува и да открива нови места.

Лила на својот Инстаграм профил постојано споделува слики од своите патувања и местата на кои ужива, а и ги рекламира.

Лила веќе 10 години го води квизот „Се или нешто“ за кој во една прилика изјави: – Во овие 9 сезони имало навистина интересни натпреварувачи и интересни случки за паметење, но јас би издвоила цела една емисија, не само случка.

И не само јас туку целата јавност. Тоа е емисијата со натпреварувачот Берзат од Велебрдо.

Целата емисија беше, смешна, забавна, со многу позитивна енергија , тоа е исклучително интересен човек со многу жувотни приказни.. Од Берзат научив и нов збор „канаќисавме“!“, рече познатата водителка.

Таа неодамна беше во Кападокија, и од таму сподели интересни фотографии и видеа како лета со балон. За Кападонија, таа на Истаграм напиша:

– Дури денес ми стана јасно зошто луѓето од целиот свет доаѓаат во Кападокија. Постојат многу начини да се доживее адреналин, но тврдам дека ова е еден од најубавите.

Лила Стојановска во емисијата „Магазин“ на нејзината матична ТВ куќа „Сител“, зборуваше за својата кариера, за животот, и за згодите и незгодите на снимањата на „Се или нешто“.

Лила зборуваше на тема дали ѝ пречат многуте озборувања на нејзина сметка, популарно наречени тролања. Таа рече дека не ѝ пречи кога ја нарекле Господар на прстените, туку напротив, дека тоа ѝ било симпатично.

– Кога си толку години јавна личност како јас, треба да се навикнеш на сите тие муабети.

Тие се повеќе саркастични, а јас обожавам саркастичен и интелегентен хумор, и кога на тој начин ме тролаат ми се слатки знаеш“, откри Лила.

Потоа, за неа зборуваше нејзиниот пријател и ПР Спасе Јовановски, кој е сега ТВ презентер во „Сител“, и раскажа како почнало нивното пријателство.

-Лила сакаше да ме ист епа, буквално. Се запознавме пред 15 години, јас работев во тогашен естраден магазин, односно жолт печат, „Свет“.

И како најдобар таму, ѝ се јавив на неа, дознав некои информации за неа за некој дечко, била видена таму во некое диско.

Таа реагираше целата разу лавена: Кој ти кажа? Потоа му се јави на мојот уредник, да ме те па сакаше во наводници. Потоа се запознавме, и еве оттогаш, цели 15 години сме заедно.

Лила кога е нервозна…, во принцип таа има голем праг на толеранција. А кога некој ќе ја изнервира, едноставно го трга од нејзиниот живот. Кога е нервозна, само тргни се од неа на некои си 5 минути, а после може пак да се смееме“, рече пријателот за Лила.

За крај Спасе рече: Јас не би ја прашал Лила ништо, туку екслузивно за Сител ќе откријам дека во август не очекува свадба! На ова Лила се насмевна и искоментира: Па, изглеа некој ме запросил преку Спасе.

Слушај, Јелена, свадба без оро и без музика не бива, кога ќе поминат мерките, ве канам сите.

Јас многу сакам свадби, посебно свои“, рече Лила и додаде дека ужива да носи класична венчаница во која се чувствува како принцеза.

-Јас за третпат, ако некој се прелаже да ме земе, зошто да не. Веројатно преку Спасе идат сите мои доворувачи, меѓутоа јас ќе кажам да, не се вели не ако некој ти понуди брак“.

Лила денеска објави фотографија што ѝ е многу мила, а на неа е опишана нејзината како што вели- љубов немерлива.

Љубов немерлива. Да, можеби јас му го спасив животот, и му подарив дом, храна и љубов…ама и тој мене ми подари еден поинаков живот, и дом полн со безусловна и посебна љубов. Рагнар еден посебен и пресладок мачор“, рече таа под сликата со својот миленик.

Фото: Инстаграм принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаБитолскиот професор Трајковски со една од најоптимистичките прогнози досега
Следна статијаДани покажа како вежба по дома, и раскажа како го стопила вишокот