Елена Ристеска: Ќе се појавам во купаќи на Евровизија

0

Елена Ристеска гостуваше во шоуто „Опуштено“ со Тони Михајловски и раскажа доста интересни нешта од својата кариера и приватен живот.

Кога Тони ја праша како си, Елена рече: „За првпат по долго време опуштено. Кога си посветен на нова прикзна и професија, како што во мојот случај беше козметиката, најдобрата опција е да се посветите максимално на таа приказна“, рече пејачката.

– Отсекогаш сум сакала да бидам револуционрна. Дали во музиката или во она што ќе си го замислам, сакам да го направам на биде уникатно во оваа наша државичка.

Кога ќе сфатиш дека имаш слободно време бидејќи ги редуцираш настапите, ги бираш, зголемуваш цена малкуцка, не сакаш секаде да пееш…

Со оглед на тоа дека имаш помалку ангажмани, спонзорски договори во годината, ти останува повеќе време за нешто друго, Нешто да правиш, ама сакав нешто корисно да правам“, рече Елена за почетоците на козметичкиот бренд.

Сакав да направм нешто, што моето име ќе го продава мојот бренд. Со години наназад, продавав туѓи брендови. Зошто скоро 20 години работам за туѓи брендови, зошто да не направам нешто свое?

Интересно е коку има нарачки од надвор. Од Америка да речеме каде што живеат Македонци. Најсатисфакциониот момент ми е од Америка. Не нови клиенти, туку оние коишто претходно се задоволни купуваат парфем за брат, за девојка…“’, додаде Елена.

Потоа, Тони Михајловски ја искоментира Евровизија, а Елена Ристеска рече: Да не си му во кожа на детето. „Нејчам да сум во кожа, не. Бог да чува, зошто да сум му јас во кожа, ти да си му во кожа“, рече Тони.

-Мислам дека Васил не е виновен колку што е виновна политика на соседот“, рече Тони. „Мене тоа да ти кажам…, 16 државјанства нека има…“, рече Елена и истакна дека секогаш за нешто споредно ни е важно. „Ама ти отиде на Евровозија со еден пасош“, рече Тони.

-Не би напаѓала никого, мислам дека овде ни политичлката приказна нема врска. Тука треба еден прст да си стави Македонската телевизија, како еднинствена којашто ја има лиценцата Мора да се смени моделот на песна, на изведувач.

Васил е одличен вокал, не велам не. Јас не викам ништо ни за песната. Јас сакам да кажам дека нема сите да бидеме пресреќни и задоволни со секој избор.

Јас кога победив имаше напаѓање и веруваа дека сум со турбо-фолк песна на Евросонг, а таа беше песна против турбо-фолк.

Исто беше и со Тоше и со другите изведувачи коишто беа ѕвезди со години“, рече Елена и го праша Тони што мисли за нејзината песна „Нинанајна“, на што тој ѝ одговори дека е одлична и тој веднаш ја сфатил пораката.

-Евросонг е за мене едно убаво искуство. Пеам во Атина, 2006, борба тешка да биде Македонија, да не биде ФИРОМ, да биде барем Македонија, да има едно ФИР, па да има Македонија да пишува. Значи, тешка борба на целата екипа.

Ова го зборувам бидејќи не го знаат многу луѓе, која борба била тоа да се настапува под своето име и да се наречеш Македонка во Грција.

Добивме интерна информација дека тогаш сум добила 11.000 гласа од Грција. А, не добив ни еден глас. Ај, јас што не доби, Кипар имаше 100 и нешто илајди гласа, не доби ни еден глас“, рече Елена.

Потоа, Тони Михајловски ѝ даде идеја: Дали ќе ми бидеш пратечки на Еврвозија? Имам идеја да се соблечам гол и да молчам на сцена три минути. Вие не треба да бидете голи“, рече Михајловски со смеење.

-Прифаќам да бидам твој пратечки, само не знам што, бидејќи не можам да кажам вокал. Јас мислам да бидам во купаќи. Битно е да се наредиме позади“, рече Елена смеејќи се.

Потоа, на Тони му рече да не ја врзува со политика. За крај, разговараа на кои песни емотивно реагираат и кои стихови се за плачење.

-Има една се вика „Не ти давам“, знам дека ќе се изнасмееш за насловот. „Таа е за плачење, не е за смеење“, рече Тони.

-Целата таа песна е поврзана со едне период од мојот живот, со см -ртта на мојот татко, има еден опис во првата и во втората строфа, како се чувствував распаднато, како птица смрзаната од студот“, рече Елена за песната која таа ја напишала.

Фото: Јутјуб принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаЗдравко Чолиќ една песна пее со голема страст, има посебна приказна зошто е така
Следна статијаПаднав во дупка, ме однесоа во болница, се разбудив во солзи: Драган Којиќ- Кеба искрен како никогаш досега