Декстрокардиа е вроден дефект кај кој срцето се наоѓа на десната страна од телото наместо на левата. Постојат два вида на декстрокардиа. Карактеристична состојба е тоа што абдоминалните органи се развиваат во обратна позиција.
Војо Цветановски е познат пантомимичар, а има завршено на Национална академија за театарска и филмска уметност „Крсто Сарафов“ во Софија.
Тој повеќе од две децении, со своите улични претстави се обидува да испраќа пораки и да ги критикува општествените прилики. Во последно време, Војо Цветановски речиси секојдневно, поставува кратки сатирични статуси, на својот профил на социјалните мрежи.
Тој пред повеќе од еден месец, објави интересна анегдота за неговиот татко, а ние тогаш ја објавивме. Бидејќи предизвика интерес, неговиот статус го реобјавуваме повторно:
,„Ова е татко ми. Љубиша Цветановски. По природа тој е многу комуникативна личност.
Неговата спонтана комуникација знае и до небо да се развие и тоа најчесто со луѓе кои не ги познава, кога случајно се замуабетува со нив, шо би се рекло од нигде никаде, и кога тоа го гледа некој од страна е исто како да гледа двајца кои цел живот се познааат. Феномен.
Вчера, Љубиша бил во градска болница, на преглед. Пред да настане општата п аника низ цела болница, за која уште се збори, тој бил на рентген.
Додека го правеле рентгенот се замуабетил со медицинското лице, кое воодушевено од комунактивната личност воопшто не ги воочило разликите, кои навистина се огромни, а и Љубиша заборавил да го предупреди за тоа.
Завршиле, пријателски се поздравиле, Љубиша се облекол и веднаш заминал на вториот кат каде го договарал оперативниот зафат за во петок.
Додека се договарале со докоторот низ ходниците почнале да се слушаат врескања: Љубиша Цветановски, Љубиша Цветановски да се јави, Љубиша Цветановски веднаш да се јави…
Од памет се извадил кога го чул своето име како е барано низ цела болница. Што човек може да помисли во такви моменти. Не можел ни да претпостави за што го бараат.
Тргнал да провери за што се работи. Одејки кон главната соба на скалите од први кон приземје пресретнал некој бивш колега.
-Те бараат човече во главна соба, паника е низ цела болница. – ова татко ми уште повеќе го вознемирило. Полека стигнал до главната соба, тропнал на вратата и влегол.
-Сте ме барале. – се пријавил полуисплашено. Десет доктори поредени како војници гледале во него. Во средината главната докторка.
-Вие сте Љубиша Цветановски? – прашала докторката. – Јас сум.- одговорил.
-Не знам ккао да ви го кажам ова господине, но вашите органи… – Хахахахахаха. Љубиша почнал да се смее прекинувајки ja докторката среде говорот. Тоа малку ја налутило докторката.
-Заборавив да му кажам на вашиот колега од рентген дека имам декстрокардиа, се замубетивме и знае…
-Молам? – возбудено иреагирала доктокорката. Сега таа него го прекинала. Одеднаш во собата настанала гужва, сите доктори се раздвижиле. Почнале да ѕвонат телефони. Едни доктори викале други доктори брзо да дојдат во главната соба.
Сите гледале во Љубиша како да гледаат во нешто свето. Кој како поминувал покрај него му се смешкал, го тупкале по рамото и сл. Дошле уште доктори во собата.
Го седнале Љубиша на ЕХО, направиле штимунг и почнале да гледаат во него. Гледале, гледале, гледале, со саати гледале, некои велат дека и ја прекорачиле смената.
Не можеле да се изначудат на овој редок медицински феномен. На крајот пред сите да си одат некој од докторите рекол: „30 години сум во медицината вакво нешто уште не сум видел.“
Напомена: декстрокардиа е обратна поставеност на сите органи. пр. срцето му е на десна страна. Добро Утро Скопје.“
Фото: Илустрација