Ване Маркоски: Помислете само на порано, како соседите се сакале, почитувале, се собирале пред зграда

0

Водителот Ване Марковски во своето студио ја угости Атиџе Муратова и исткна дека по нејзините пораки во филмот „Медена земја“, луѓето во Македонија се замислиле.

– Едно за мене, едно за тебе. Тоа се две пораки кои чинам одекнуваат се уште во светската јавност“, рече Ване на Утринската програма на Македонската радио телевизија.

– Многу сум среќна, и многу сум задоволна како помина фоилмот. И они мене ме нашле, ама и јас нив ги најдов. И за куќата сум среќна, фала ѝ на Марија за куќата, на луѓето што помогнаа“, рече Атиџе која во студиото беше со Марија Дуда, која ѝ помогна да се изграи новата куќа во селото Дорфулија, заедно со уште многу други луѓе и Сузана Турунџиева која константно ѝ помага.

– Никогаш нема да ги заборавам, ни неа, ни Сузана, а ни филмаџиите“, рече Муратова.

Ване неодамна сподели еден свој емотиивен спомен, од своето детство и многу негови следбеници на Фејсбук ја бендисаа оваа приказна.

– За едно убаво време… Живеевме во стара зграда, а главната улица пред зградата, беше цела покриена со калдрма.

Спроти зградата трафика “Нова Македонија”, од рано наутро целата “опиена” од мирис на весници, малку погоре продавница каде се мелеше тазе кафе, а одма тука и фурна за леб. Спроти фурната и “Деликатес” – тогаш поим за супермаркет.

Се сеќавам кога сите тие мириси на весници, тазе мелено кафе, тазе леб, ќе се испомешаа наутро. Мирисаше цело маало.

Секое сабајле со свиткани пари во рака, трчав прво по весник, потоа по тазе кафе, па до фурната по тазе лебче и по млеко или јогурт, се сеќавам тогаш беа спакувани во кеси.

Ќе тркнев и до “Деликатес” по уште нешто и се тоа за некои 150 денари… За назад кон дома, редовно си купував и сладолед, млечен со чоколаден прелив, стандард вкус. Знаете на каков мислам.

Го продаваше еден дедо. Имаше фрижидер на самиот тротоар, одма залепен до нашата зграда. Тоа му доаѓаше нешто како награда за пазарувањето…

Доаѓаш дома. Се спрема појадок. Пушташ МТВ, почнува “Ѕвон” и не трепкаш. Колку само летавме, колку бевме среќни, затоа што со ова чуствувавме дека нешто придонесуваме за дома“, напиша Ване.

Ване повторно на Фејсбук одржа лекција што значи да се живее среќно, како живееле нашите баби и дедовци и зошто и ние не го имаме истото што го имале и тие.

– Да земеме пример од искуството на повозрасните, од оние кои некогаш биле соседи, пријатели, се сакале, почитувале, се собирале пред згради, во куќи, дворови, правеле скари, оделе на пикник, оделе по гости, а денес немаат ништо од тоа, а зошто?

Само поради човечкото его и глупавост, само затоа што после тоа се пуштиле низ вода со кавги и глупости.

Погледнете им го разочарувањето во очите за едно време кое го испуштиле од “ракав”, а можеле таа среќа да ја надградуваат и ден денес и да наздравуваат за тие спомени, наместо во нив да носат насобран бес.

Кога ќе го погледнете тоа кај нив, замислете се на какви глупости и интриги денес наседнувате и како го трошите времето кое може да значи среќа“, објави водителот.

Фото: Фејсбук принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаДино Мерлин за сопругата: Никогаш не сум ти кажал колку те сакам
Следна статијаШто прави кога сака да те шутне: Машки тактики – знае што те нервира и намерно го прави тоа