Нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев ја претстави песната Here I Stand со која ќе настапи на Евровизија во Ротердам во мај, доколку Евровизија се одржи.
Она за коешто јавноста најмногу му се „фати“ на пејачот е тоа што во едно интрервју со бугарски новинар, кога тој го прашува: Вие сте жител на Северна Република Македонија, тој вели: И Бугарија.
Потоа, Гарванлиев објаснува дека неговата баба има бугарско потекло и дека Струмица е блиску до Бугарија. Ова беше повод за нагаѓања на социјалните мрежи, дали има бугарски пасош.
На тема Гарванлиев и Евровизија, коментираше Сања Ристиќ, која во времето кога Васил го испеа детскиот хит „Марионка“, таа испеа уште еден голем детски хит, „Ех, тој Тоше“.
– Кога ќе научите да го сакате и воздигнете она што ни вреди, знаете? Само тогаш кога самите себе ќе се сакате! Затоа не не бива многу често, дека се, ама буквално се што ни вреди се мачиме да го уништиме.
Имаме одлична песна, имаме лик кој 30 години се бави професионално со музика, лик кој низ цел свет настапуваше и изјавуваше дека е горд што е македонец сите тие години и да свртам на шала, лик кој ќе зборува англиски како што треба конечно.
Мене ако ме прашате, љубовта победува секогаш, а познавајќи го исто толку години колку што пее, Васил полн со љубов и позитива и искреност е над се ова, бидејќи и никогаш не дозволи да го допрат ваквите енергии низ сите предизвици во животот.
Денес низ драга искрена насмевка само ми кажа “нема доде толку лоша енергија колку што имам јас да давам љубов со отворено срце кон сите”. Да научиме сите нешто од ова“, порача Ристиќ.
На празникот Прочка, таа даде уште еден коментар на Фејсбук, во кој не се споменува Васил, но најверојатно случувањата со него ѝ биле инспирација. Сања зборува за нашиот народ и за тоа колку треба да сме подобри едни кон други.
– Има кај нас еден феномен кој трае прилично долго и добро е на глас да го кажеме, можеби ќе не подосвести колективно.
Народот е угушен и затрупан во очај, негативна енергија, незадоволство, гро -зотии во секој збор и така е привикнат да живее подолго време со што таа состојба веќе му е “нормална”, мисли така треба и дека тоа е во ред.
На оваа состојба, секоја позитивна вибрација ѝ пречи бидејќи нели, ја вади од црниот колосек, не е иста фрекфенција и тоа е нормална работа. Исто како кога се смеете цел ден и да дојде некој да ви се изнавика, ќе пречи нели?
Или ако сте пренервозни а некој се смее пак ви пречи. Тоа е бидејќи таа е друга фрекфенција од вашата.
Кога секој од нас во себе би си погледнал и би се запрашал зошто го боли позитивна енергија кај друг, зошто му пречи и зошто наоѓа милион аршини да ја уб-ие наместо да ја прими во себе и да се исполни и рашири, би живееле во многу поубаво место.
Кога секој од нас во музиката би слушал глас и ноти, во спортот би гледал мотивација и упорност, во уметноста би гледал талент и умешност, наместо политика во секое ќоше и влакно во јајце што открил, ете тогаш, само тогаш, ќе може да пркнеме!
Имајте убав ден, смејте се, сакајте си ги најблиските и ширете убава енергија, на ова убаво пролетно сонце па и греота е да биде поинаку.
За многу години празникот, простете ако сум ви згрешила“, рече Сања Ристиќ.
Фото: Јутјуб принстскрин, Фејсбук принтскрин