Плениш бре: Трифун Костовски ѝ се обрати емотивно на Калиопи а таа му возврати со љубов

0

„Дали ви се допаѓа оваа стара фотографија? Мислам дека ми треба нова фотосесија што е можно побрзо“.

Вака ги праша Калиопи своите обожаватели на Инстаграм и на Фејсбук неодамна, и објави една постара слика од постара фотосесија.

Познато е дека Калиопи е голема пријателка со српската фолк-пејачка Милица Тодоровиќ.

Неодамна кога Калиопи беше во Белград, пред да си оди за Скопје ја испрати токму Милица Тодоровиќ, а Калиопи таа средба ја овековечи со фотографија.

– Пред заминување, мојата Милица стана рано поради мене, да ме испрати. Белград, ќе ти се вратам повторно, наскоро“, објави Калиопи.

Но, двете пријателки се видоа повторно уште побрзо отколку што Калиопи посака. Милица дојде од Белград од Скопје и ја изненади својата пријателка со песна под нејзиниот балкон.

– Знаете дека јас секогаш го споделувам со вас малото слатко „лудило“ на мојот свет… Но, таа е повеќе од тоа… Моето сакано суштество, мојата Милица, ми приреди вистинско изненадување…

Тивко, без мое знаење , таа дојде во мојот град и како најголем трубадур, ме повика со песна на балконот , песна која многу ја сакам и го врзува нашето пријателство … Каква радост, каков благослов!

Те сакам девојко! Ти си уникатен, прекрасен подарок за овој свет! Се гордеам со тебе …“, напиша Калиопи.

Калиопи, во времето на пандемијата, како и сите нејзини колеги нема настапи, но знае да ужива во малите нешта кои ја праават среќни. Објавувајќи фотографии од момент како ужива на море, таа напиша:

„Посакувам секој да може да ја допре оваа бесконечност … секој да си ја живее својата слобода … да сме сите еднакви деца на ова земско небо …“.

Музичката дива овој викенд ужива патуваќи низ Македонија, и објави фотографии од Кавадарци. Имено, Калиопи ја посети црквата Света Петка и напиша сосема кратко; Моја Македонија.

Калиопи, објавувајќи свои слики објавува и стихови од нејзините песни како на пример песната „Мојот дом“ која оди вака: “Само затвори очи и силно гушни ме.

Не предавај се, оваа љубов твој е дом. Никој од тебе не бара солзи за каење. Ни вака од внатре ни на јаве, ни на сон…”

Пејачката сподели стихови од својата песна „Од себе не одустајем“ и објави свои природни слики на кои е многу среќна и насмеана.

Овие фотографии ги бендиса бизнисменот Трифун Костовски, кој ѝ е голем пријател на Калиопи.

Нивното пријателство трае долги години, што се гледа и по објавата на Костовски на неговиот сајт за роденденот на Калиопи минатата година, на 28 декември.

Почитувани, на денешен ден не многу години наназад е родена нашата дива Калиопи!

Истрајна, емотивна, со своите специфични и високо професионални изведби на нејзините песни, ме воздигна мене, ве воздигна вас, ја воздигна Македонија.

Нашата Калиопи по хороскоп е јарец, а ние јарците сме посебен ков на луѓе.

Да живеат јарците. Ама секако и со останатите хороскопски знаци. Засекогаш твојот другар Трифун“, напиша Костовски. Во коментарот на сликте на Калиопи, тој вели:

„Секој збор искажан за Тебе, мила е малку! Ти си не само хумана жена!!! Ти си ЉУДИНА! Браво!

Горд сум на Тебе и што ми ја даде можноста да го слушнам НАЈУНИКАТНИОТ ГЛАС НА НАШАВА ПЛАНЕТА! Плениш бре ПЛЕНИШ ДО БОЛ“, објави тој.

На ова Калиопи му одговори: Пријателу мој …Убава душо… Ти благодарам што си ЧОВЕК, кој умее да слуша и разбира…. Таквите се вечни…“

Фото: Фејсбук принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаСузе Национале стана баба, убавата ќерка Теона и внуката Клара се нејзините наследнички
Следна статијаДара Бубамара самата си ставаше срциња на Инста, сите ѝ фаќаат сеир