Нашата пејачка се пофали дека нема љубоморен маж, а денеска нејзината ќерка полни 18 години (ФОТО)

0

Наташа Малинкова, девојката од Кавадарци публиката ја засака кога ја започна музичката кариера во групата „Багаж“, и го испеа рефренот „Името твое“….

Таа е сега горда мајка на две прекрасни ќерки Емилија и Султана, и живее во својот град Кавадарци. Еден од поновите хитови на Малинкова е „Хеј мама“, и по таа песна Малинкова го доби признанието на Македонски радиски фестивал за Радиски хит изведен од женски вокал во 2018 година.

– Низ животот и со музиката имав големи успеси но и многу паузи се со цел да изградам едно здраво семејство, а при тоа да не се чувствува премногу моето отсуство од дома. Не е лесно, па мора да се балансира.

Секогаш знам дека можам повеќе и повеќе, никогаш не е доволно , но кога е искрено и постепено ќе се осети фит бек –от од работата.

Немам многу време искрено, но секогаш се трудам да ги балансирам работите. Ноќните настапи и доаѓањето рано наутро дома, постојаните патување низ земјава е исцрпувачко, кога знаете дека ве чекаат уште милион обврски по дома со децата.

Сепак големата желба и љубовта кон музиката е таа што ми дава сила и енергија да продолжам напред. Не се откажуваме тука, штотуку почнавме.

Најважната лекција од моето искуство е – Верувај во себе и биди упорен, упорноста и работата се исплати…. Навистина правење музика , настапите во живо, снимање спотови итн… не е лесна , ниту ефтина работа.

Секогаш наидуваме на оној најголем проблем, финансиите, наместо слободно да твориме без стеги, мораме да размислуваме и како подобро ќе им ја пренесиме песната на оние кои не следат“, изјави Малинкова во едно интервју за Гламур.мк.

Верувале или не, таа е во брак со Кире цели 21 година.

Претходно, таа има изјавено дела со сопругот Кире секогаш наздравуваат со иста мисла, колку бргу им лета времето и затоа, како што вели, максимално уживаат во заедничките моменти.

– Се запознавме во ноќен клуб во Кавадарци во периодот кога имав редовни настапи со групата „Багаж“. Во истиот момент почувствувавме хемија, почнавме да излегуваме и по неполна година одлучивме врската да ја официјализираме.

По една година се роди нашата прва ќерка Султана, а една деценија подоцна ја добивме и Емилија–раскажа Малинкова за Женски магазин.

Нејзиниот партнер потекнува од музичко семејство, во адолесцентните години бил диџеј и има разбирање за нејзината кариера. – Знае што е добро, а што не за мене, но секогаш остава јас да ја дадам конечната одлука. Не ми замерува на провокативните фотосесии“, изјави таа во истото интервју.

Денес, постарата ќерка Султана полни 18 години, а Малинкова која сега откако пејачите имаат послабо настапи работи во семејната фирма за мебел, за својата ќерка напиша:

-Вака те држев во раце пред точно 18 години кога се роди! Му благодарам на Бог што те имам, моја паметна и убава. Летај птисо моја! Од денес започнува ново поглавје во твојот живот. Те сака мама“.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаЖена ми ме остави зашто не миев садови
Следна статијаТажната приказна на најубавата актерка од бивша Ју