Марија Шерифовиќ ужива во Америка со драга личност, се сончаат заедно покрај базен

0

Марија Шерифовиќ која неодамна отвори и Јутјуб канал, даваше одговори на разни теми и откри непознати детали од нејзиниот приватен живот.

На почетокот рече дека се чувствува добро, дека е жива и здрава, а потоа истакна дека и е малку досадно.

-Поминаа сите можни прослави, слави, дочеци. Се здебелев максимално. Сега сето ова треба полесно да се истрпи – рече Марија Шерифовиќ на нејзиниот препознатлив начин.

На која возраст го имаше првиот бакнеж? – Не можам да се сетам, но мислам дека тоа беше во основно училиште на возраст од 13, 14 години. Дали мислите за себе дека сте фер и добра личност?

-Кога правев психоанализа, ми рекоа дека немам апсолутно никаква средина, што значи дека сум прекрасна, фер и добра личност или сум ѓу бре невидено.

Како се справувате со негативните коментари и предрасуди?

-Ова е сериозно прашање и тешка тема. Не знам од каде да започнам. Јас сум навикната да ме сакаат или не ме сакаат и до некаде тоа е во ред. Би било без врска ако сите ме сакаат. Едноставно, сфатив дека ова е само мојот живот.

Бидејќи, најголемиот проблем кај луѓето кои се занимаваат со јавна работа е што во моментот кога ќе почнете да водите премногу грижа и да исправате работи за кои луѓето масовно или помалку масовно ви замеруваат, и првично гледате дека тоа не е некој добронамерен совет, тоа е крајот за вас.

Бидејќи влегувате во круг кој е потполно л уд, го губите идентитетот, престанувате да бидете тоа што сте, скршнувате од патот. Сакам да слушам коментар, но да ми кажете искрено:

„Марија, мислам дека оваа песна не ти одговара“ или „Мислам дека овде се однесуваше без врска“. Потоа, Марија одговорила на прашањето: Како се гледа за 10 години.

– Бидејќи сега имам 36 години, тогаш ќе имам 46. За почеток, се надевам дека тогаш нема да бидам јутјубер. Тоа е број еден, а исто така и дека вирусот ќе се реши дотогаш. Што знам друго.

Концерти, работа, ред, дисциплина и можеби некое детско смеење или плачење во гостинската соба.

Сигурна сум дека мојата свадба ќе биде на крајот традиционална или ќе биде на плажа и коктел. И така на тој начин јас би си потпишала пресуда за себе“, одговори Шерифовиќ.

Пред неколку недели ден, таа отпатува во Америка, поточно во Малибу, во Калифорнија. Кога отпатува, таа на Инстаграм напиша: Ќе се видиме кога ќе затопли. Бидете подготвени за луд -ило клипови.

„Животот е подобар на плажа“, објави Марија покрај сликата од плажа во Малибу на која се гледа колку ужива.

На нејзината најнова слика, на која е со малата Миња за која одржа хуманитарен концерт на слика, Марија напиша:

Навистина нема смисла само јас да се сончам и да се капам. Јас кафенце, Миња супа со кнедли и Господ да не види“, рече Шерифовиќ.

Марија Шерифовиќ и понатаму ужива во Лос Анџелес, од каде редовно известува за своите следбеници на социјалните мрежи, а денес покажа како ужива и се опушта.

Пејачката реши да се сонча покрај базен, па ги откри нозете и го покажа рајот што ја опкружува. Следното стори откри со кого ужива Марија, а тоа е една нејзина драга личност.

Станува збор за колешка, пејачка од Србија, Јована Пајиќ, за која неодамна истакна дека и е единствена пријателка на сцената.

– Мојот круг на пријатели е ист со години. Јас сум добра со Јована Пајиќ, таа е мојата единствена пријателка од сцената. Двете имаме заедничко друштво, затоа организираме домашни седенки – призна таа во една прилика.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаАнтониа Гиговска се преполови и откри како тоа и успеало
Следна статијаМузичарот Пеце и новинарката Валентина се скараа на Фејс: Суперхикс нема да дозволат “партиски лепенки” на својот грб