Елена- живот со стил луксузно слави Осми март во џакузи (ФОТО)

0

Елена од неодамна има нов концепт на емисијата „Живот со стил“. Елена обезбдува шопинг од половина час за натпреварувачите, поточнo таа ги части.

Шопингот ќе биде на нејзина сметка. Натпреварувачите ги оценуваат познати личности.

Се гордеам што толку време успевам да ја одржам емисијата, да опстојува во етерот, да биде атрактивна и со гости и со содржини.

И се трудам секогаш да биде нова, примамлива, интересна и различна.

Тешко беше и на почетокот, но и сега е исто, секогаш треба да најдеш интересен сегмент и да ги убедиш потенцијалните спонзори за да го најдат својот бенефит за својот производ во мојата приказна наречена „Живот со стил“.

Но, најважно е да се работи работата што ја сакаш. И да ја работиш со професионален тим во продукцискиот дел.

А кога твориме со љубов, резултатите се неминовни“, изјави таа во претходно интервју за hybrid.mk .

Сметам дека пред се треба да се биде практичен во остварување и достигнување на зацртаните цели. Не сум научена да седам и да чекам, сè да ми биде сервирано на маса.

Иако има многу суета во светот на бизнисот, секогаш се трудам да се приземјам и суетата да ја оставам на страна, додека работам и создавам.

Амбициите ме водат за поголеми успеси, камерата ми е најголемиот заводник, а приказните на познатите ми отвораат нови хоризонти”, изјави таа во истото интервју.

Лани за прв пат, Елена Стефановска прозборе за својот дечко, Бојан Најдоски. Таа му посака среќен роденден на својот Бојан, и тогаш јавноста дозна за нивната врска.

И оваа година, Елена му напиша мини љубовно писмо на дечко и на Инста. „Остани таков каков што си, ама баш таков, ништо не менувај.

Те сакам до небо. Нека ти е најсреќен роденденот љубов моја“, рече Елена за саканиот.

Елена неодамна славеше роденден и тоа на посебно место. Таа сподели слика од Белград во која пие шампањско и на Инстаграм напиша:

Среќен ми роденден. На сликата не е нејзиниот сакан, но тој сигурно е автор на фотографијата.

Сега, таа повторно слави, Осми март, Елена е во српскиот зимски тиристички ценатр Копаоник и редовно објавува фотографии како ужива. Елена објави слика како се релаксира во џакузи и напиша:

– Чист хедонизам. Март на Копаоник е секогаш добра идеја.

Фото: Инстаграм принстскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаНа времето потпишувавме договори на невидено, ни велеа: Ти сакаш да работиш овде или сакаш да ја фатиш вратата?
Следна статијаОсми март го започнав со запршка на шпорет во 6 сабајле: Ана Јовковска раскажа искрена приказна