Еден од нашите најпознати фолк- пејачи, Наум Петрески е долги години на нашата музичка сцена. Тој има голем багаж зад себе, а во една прилика орворено раскажа колку му бил најголемиот бакшиш во кариерата.
– Тоа беше многу одамна, во Вевчани се има случено, во кафанче помало од студиово, ресторанот го држеше мој пријател и сват во исто време, ептен другари сме.
И нè повика, имаше гости од Србија, од овде, од онде, генералниот директор беше на „Панонка“, и вечерта земавме некаде околу 12.000 тогашни марки и околу 3.500 швајцарски франци“, изјави Наум во емисијата Еден на Еден со Жаре минатата година..
Наум во изминатите месеци често знаеше да ги коментира настаните со пан-демијата и справувањето на властите со истата. Околу поли-цискиот час кој беше воведен минатата година, тој рече:
„Поли-цискиов час можеби малку и ќе помогне, но ова со премногу бавно тестирање на заразените и нивните блиски контакти се одолжува, а со секој час расте бројот на новозаразените.
Мое мислење е дека со паричната помош или со кредитите што ќе ги земат, Владата да набави тестери за секој човек во државава, и така ќе има најсигурни резултати најбрзо потиснување и уни-штување на вирусот (со детектирање на кластерите).
Треба да има не само 14 центри кои не знаеме ни каде се за испитување, туку и мобилни центри кои ќе испитуваат темелно а не на „жими мајка“- имам температура“, рече Петрески коментирајќи ја општата ситуација во државата.
Потоа, тој за медиумите изјави дека е на езерото Глобочица цел месец и дека се релаксира со неговото омилено хоби, риболовот. Петрески е познат како голем љубител на риболовот.
Петерски е татко на четири деца, Сања и Анастасија која е позната пејачка, ќерките од првиот брак.
Од бракот со Зуица Лазова го има синот Стефан и ќерката Македонка. Наум е веќе и дедо, речиси две години. Анастасија му ја донесе оваа голема среќа во март во 2019 година кога ја роди ќерката Андреа.
Инаку, и Анастасија е мажена за колега, а тоа е пејачот на групата „Биоритам“, Владимир Поповски. “Многу сум радосен, немаше посреќен човек од мене кога Анастасија ми ја соопшти убавата вест.
Воопшто не ми беше важно дали ќе ни се роди внук или внука, но пресреќен сум што таа ќе роди девојче. Нека биде убава на мама и талентирана за музика на мама и на тато“, изјави Наум Петрески кога слушна дека Анастасија е бремена.
Откако почна пандемијата, музичарите се во тешка состојба поради немање ангажмани, и многумина од нив многу тешко живеат.
Наум беше гостин во новото издание на ТВ магазинот „Бекстејџ“ и отворено раскажа од што живее во моментов и колку е во минус.
– Еве, јас ќе и кажам финансиски дека за последнава година сум 60, 70 илјади евра во минус. Живееме со платата од жена ми и пензијата од мајка ми, меѓутоа тоа е… Потоа Наум рече дека од тие пари тешко се живее и дека едвај чека да им се врати на настапите.
Наум пред повеќе од два месеци, кажа дека е навреден од одлуката на Владата на пејачите кои изминативе месеци имаа минимален број на настапи да им се исплати парична помош, две минимални плати од 21.776 денари. За Фокус, тој даде изјава дека не ја прифаќа оваа помош:
„По 34 години на естрадата, по повеќе од три децении пеење, што треба да направам, дали треба да менувам професија? Да бев на почеток на кариера, никогаш не ќе вложев толку пари во музиката, за да можат сите да уживаат, туку ќе отворев фабрика. Тоа многумина го направија, па дури и по 1.000 луѓе им работат за минималец.
Мислам дека тогаш дури и ќе бев многу повеќе ценет, отколку сега, по сите овие хуманитарни дејствија кои ги имав 34 години наназад, можеби и над 5.000 настапи за некого или за нешто.
Ние ќе преживееме, и ќе живееме уште многу подолго од политичарите, од нивните внуци и правнуци преку тоа што сме го создале сами, без помош од државата, а истата јас сум ја претставувал низ стотици земји и отворања на македонски културни центри.
Но, парите се за туѓи, странски пејачи, а ние сме за хуманитарни настапи. Сето тоа многу бргу го заборави овој народ за кого сме правеле песни и вложувале многу, многу пари, за да нè направат невредни! Од кога прочитав што мисли дел од народот за нас, пејачите и музичарите, повеќе нема никој да поздравам, па уште не дај Боже некој од нив да ме фати за рака!
Нас не оставија без работа, иако ние немаме врска со негово ширење. Ако се прашувам јас, треба за финансискиот дел во земјава да се преземат законите од Норвешка или Шведска, каде пратениците ќе земаат иста плата како наставниците.
Да им се укинат сите бенефиции кои си ги изгласаа и се заштитија како ретки егзотични животни! Да одат од Владата на работа со велосипед, а не со стотици возила и со обезбедување, да се лекуваат комплекси и да се покажува уште и сила врз нас, слободоумните луѓе! “, објасни Петрески.
Фото: Фејсбук на Наум Петрески, Јутјуб принстксрин, Инстаграм принстксрин